патриотски прид.

патриотски (прид.)

110. Тој неуспех не ги обескуражи одважните Срби: Друштвото „Св. Сава” отвори патриотска потписка во Србија за изградување нова зграда на друштвото за пансион и за свое пропагандно училиште.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
70. Така, на пр., во писмото од Главниот штаб на Востанието од 9.9.1903 год. до бугарската влада настојчиво се бара „најефикасна помош со војна”, како „патриотско замешување”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Патриотското пропагандно друштво „Св. Сава” од 1888 година отвори пансион за своите ученици стипендијанти.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
БОЖО: Сееш отров, го кршиш законот, шириш контраверзи, го нарушуваш редот и мирот, нѐ деморализираш, ги навредуваш нашите најдлабоки патриотски чувства.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Тажните гласови на репортерите, долгите кадри, сликите на мртви тела, погреби, лешеви завиткани во национални знамиња, ритуалните примања на воените одликувања, толку слични на примање хостии, ужаси проследени со балканско новокомпонирано дрндање, шлагери што со фолклорно дерење му се закануваат на непријателот дека ќе биде уништен, сиот тој новокомпониран патриотски фалш, таа кичерска пропагандна индустрија на војната - сето тоа се крчка во балканскиот лонец помеѓу трагедија и фарса, страдалништво и рамнодушност, сочувствување и цинизам, гроза и пародија.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
25 (...) Но, Гете мошне брзо се истрезни од тој патриотски занес. Неговата отстапка на лиризмот на Volksgeist-от немаше долг век.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Настрана патриотскиот фолклор во кој врз географските карти на Франција истокот се прекрива со црнина, настрана децата што на бадник учат да пеат O, Tannenbaum! во слава на малите Алзашани, настрана школските одреди кои, со бајонети на пушките и со главите покриени со беретки со црвена туфна, дефилираат извикувајќи: „Алзас и Лорена ни ги земавте / но срцето нема да ни го грабнете“ - од тој пограничен сукоб избива еден вистински филозофски спор што останува со најголем значај.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Овде ретко кој умее да го прескокне јажето на нацијата и патриотизмот и да се затекне во Доблеста која веќе нема никакво национално или патриотско алиби коешто, ете, во „кризни времиња“, ѝ дозволува да се заборави, то ест да биде употребна доблест на оваа или онаа нација.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Еден војнички женски глас врескаше од телекранот некаква патриотска песма.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Прашаа дали воопшто имам патриотско чувство.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тоа е наша патриотска должност, велеше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во извесна смисла, се чувствував понижен и отфрлен од сите: не учествував во нивниот обред кој ме возбудуваше и ме примамуваше; не пеев дури ни народна песна; не играв оро; не читав патриотски рецитации; јас бев паузата на нивниот обред, обичен кловн што, искачувајќи се по скалите потпрени на небото нема никакви докази за неверството на својата Петрунела. ***
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Бев задоволен што, конечно, се ослободив од нив, и што не ќе им дадам возможност на цариниците да се посомневаат во мене и во мојата граѓанска и патриотска чесност.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Во последно време никој не може сосема да е на јасно Која посока ја фатиле Македонците и во која ѕвезда зјапаат Секој има право да си зјапа кајшто сака И безбели ќе биде најдобро да се остават Македонците Ем да се изназјапаат ем да си ја надат посоката Ем да им пукаат гласните жици од патриотски песни
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Бие камбаната, се виорат грчки знамиња, воен оркестар свири патриотски маршеви, а најмногу маршот: Μακεδονια ξακουστη Του Αξανδρου χωρα Εδιοξες τον Βουλγαρο Και εισε ελευθερη τωρα 14
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Со очите изразив вчудовидување, а тој продолжи: - Еден месец подоцна, на 4 август солунскиот весник “Елиникос Ворас“, со големи букви вака ги извести своите читатели: “Жителите на убавото костурско село Крија Нера17 кои досега покрај грчкиот зборуваа на еден туѓ дијалект, трогнати од одличната иницијатива на патриоски расположеното население на селото Каридја – Птолемаида, спонтано решија во присуство на месните власти да се заколнат дека целосно ќе го заборават тој јазик и во иднина така тие, како и нивните синови, исклучително ќе зборуваат на грчки јазик.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Штом стрелките дојдат до таа позиција на 5 часот и 17 минути, тогаш ќе рикне една снажна, народна, патриотска песна, која ќе говори за непокорот на овој народ, за сите херои родени и неродени кои газеле и ќе газат по оваа земја - продолжуваше Гаврил пред огледалото.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Тие двете не беа родени ороспии, ама ги поплати сиромаштијата, домаќинот ги остави и отиде да војува, ама бидејќи ја изгуби војната, од срам што немаше што да јаде, се обеси во канцеларијата на својата патриотска политичка партија, така што на овие двете не им остана ништо друго освен да се најдат на улица каде што им беше фрлен и домаќинот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Во двете соби на првиот спрат, каде порано беше стрелачката дружина, сега се имаше раскомотено подмладокот на патриотската гарда.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Две години имаше поминато како член на редакцијата на списанието „ Меч и оклоп“, официјално гласило на патриотската гарда.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Повеќе