патило ср.

патило (ср.)

Неговото лице ги сечеше светлосните снопови откривајќи им за миг болка, патила, нагон.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Судницата и сè во неа, минатото и патилата, се гламносуваат.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се молеше Бојана и се заколнуваше со тешки мајчини солзи, неумолива во својата преголема болка за толку рано однесениот маж и непоколеблива во своето решение да го запази синот, својата радост, својот нов живот, да го запази од сите патила што ги носи печалбарскиот живот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Патилата тогаш ќе ви бидат попривлечни.“ Се сеќаваше на Никола и на мракот под неговото теме.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тоа беше сета одмазда за сите патила во осамата.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Дотогаш патилата им ги мелел остробрад Анадолец, половина за нив, половина за прочуениот јавач и веселник Али-бег, од обете половини по неколку фесови брашно за себе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но ако бил повеќе загрижен за коњите, 'ртовите, пауните и билбилите во сарајот со мраморни шадрвани, слушал меланхолична песна на една од своите пребели жени и ги заборавал човечките патила.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пред тоа им рекол на другите да сторат онака како што мислат дека ќе е најарно, тој ќе оди да клечи пред студено позлатениот исток, да се моли за мртвите, за нив, за себе, сам и осаменички да ја доизградува верата во себе, не онаа кон небото туку онаа што ќе ги доведе до целта, не со патила да го купуваат правото на живот и не да живеат за да сеат и да жнеат патила - мажи се, не сенки со начнат разум и не покорници пред бабуњосаноста на проклетството.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Или токму затоа подоцна, во слобода, те подложува на исти патила?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
И - моето бротче од стиропор со меурчиња наместо пукнатини со од патишта и патила невидлива патина Весело морско коњче, од игра помалку уморно во правците на светот неопитно од светот тркалезен и чудесен восхитено К'о икра за плодење тоа за копно копнее.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
... Погледни ме веднаш сенко моја што така немо си седиш и залудно ме следиш Не заборавај сенко, си втора по судбина, после мене А мора, мора да си наследила барем нешто од она што јас вешто некогаш го правев а ветерот го однесе за навек Побарај ме сега види Во мојот дневник Дали јас некогаш те славев и оставив аманет да продолжиш по мојот пат Заборави засекогаш на моите патила Извини за она што некогаш те мамев Врати ми сега, ако не си ми вратила
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
И никој не знае дека овој нов живот и овие нови поколенија одат и се враќаат по патот на кој легна нашата лоша судбина, нашиот чемер и болка, нашиот плач и солзи, нашето страдање и патила, нашиот крик на ужас и нашата безнадеж.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ги открија сите наши животни патила.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Непреболени надежи, перверзии на вистината, трансгресија од лаги претворени во јачења, патила, занеси, болки и рани.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Патила закитени со ловоров венец... ***
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Кој знае зошто од мене тој палавко таа ноќ успеа да извлече многу патила и скриени емоции.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)