патец м.

патец (м.)

Можеш и да се исчешлаш и патецот да си го исправиш, да си го поправиш. 179
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе ми ја стави главата во скутот и јас ќе му правам патци, што се вели, ќе му ја одгрнувам косата и ќе го требам, ќе го чистам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А оти да умрам разбушавен, вели Лазор Рогожаров и си го растерува патецот надесно.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Почнаа да ми се враќаат сите негови црти на лицето: густите веѓи, танкиот нос, кусата вилица, сините очи, неизнудениот патец на главата, широките мустаќи што му паѓаа преку устата...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Па зарем не би било интересно” го прашуваше тој патецот на нејзината коса, “кога патувањето низ времето би било можно?
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ги поздравив поздравно продавачките кои продаваа продавање, празните сали за проекции, полните пивници, го поздравив пијаниот кој пелтечи со педалите, полицаецот беспрекорен, патецот мој примерен.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Репортерот - млад човек, исчешлан со патец и со пенкало во рацете.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Веќе не сум преокупиран со гладот или вошките, носам испрани и чисти алишта, повеќето сум во костумот што ми падна на лотарија во Гаково, косата измиена и со патец настрана, снагата капена во бањата кај градската болница, а не сум ни гладен, бонлук леб и мрсно, па кога се враќам од часови, сечам голема фелка леб, ја мачкам со сало и врз неа ставам леени колбаси, едно или две куси коматчиња.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
На вратата се покажа женче во години, со мало, тркалезнообразно лице, кус врат, облечено во црно, со коса на патец, малку разбушавена и прошарана со бели влакна, во џувка собрана на вратот. Ништо не му рече на авторот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Обраснат во коса, косата извиткана, со патец. Лицето исончано.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Негде во средината на пролетта ( а кој да ја забележи пустата пролет?) пред нивниот влез застанаа два џипа со црвени крстови од страната, под крстовите на едниот македонско писмо, а на другиот грчко, и бидејќи беа најавени со писмо по пошта нив ги пречекаа Пелагија и Чана, меѓу нив трите внучиња на баба Петра и дедо Костадин променети во нови алишта, избањати со миризлив сапун двете девојчиња убаво исчешлани и со панделки во косите, а машкото убаво потстрижно и со патец над левото уво.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Пораснатите темни корени околу патецот ја откриваа нејзината природна боја – темнокафена.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Па иде вест дека на Бред Пит путецот не му е више на лева страна; почнал да се чешла од десно на лево.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Ова рахитично патче оставајќи го зад себе работ на шумата наеднаш излегува на зачудениот рид како патецот низ густите кадри што наеднаш втасува на голото теме.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
„Како што ќе речете вие“, услужно одговори момчето во бела блуза и коса исчешлана на патец.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Црното млеко на ноќта Ми ја криеше раката Дигната високо, Превисоко, До патецот над челото на Мајка, На разделот на косите нејни Што сега ги плетам Сам во самица Самувајќи.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Тогаш кога тоа ќе се случи, стави ми ја твојата топла рака на челото и поднамести ми ја косата, помини ми со прстињата по патецот, а потоа спушти ја дланката по мојот образ.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)