патетичност ж.

патетичност (ж.)

А и самиот еднаш е измамен, оставен, требаше порано да станам, да ја врзам сината кравата, да им појдам в пресрет на дрворедите. Едноставно, без патетичност.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Патетичноста на терористичкиот акт повеќе сугерира на еден личен морален пад (најчесто жртвите се невини), ја компромитира каузата во очите на јавноста, создава сѐ повеќе непријатели и денунцијанти, прави имиџ на лицемерност и неинтелигентност (глупост) итн.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Незнаењето на неговите пријатели уште повеќе го поттикна стариот професор со патетичност во гласот да рече: „Па... Можеби и не постои“, рече господинот Гроздановски.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Впрочем, осамата нему не му беше неподнослива, иако повремено наидуваа облачиња патетичност.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)