патерица ж.

патерица (ж.)

И кога му соопшти говедарот на дедот Стале, тој си ја зеде патарицата, која беше симбол на неговиот егуменски положај, и му отиде во црквата пред иконата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Две патерици на бетонскиот под... Многу свеќи и многу шепоти. Воскресение.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Од полуотворените врати на секаквите куќи кон мене зјапаа баби со лица на црцорци и тапоносни агенти: оџачари со мердивани за да подгледнуваат во туѓи прозорци, попови со оружје под прешироките мантии, предводени пензионери на патерици и во излижани облеки на риги но со полициска цел во голите и збрчкани тикви, маслосани асфалтери со замачкани муцки и со душоваднички нокти на прстите, пожарникари, лажни студенти на државни бицикли, продавачи на зашеќерен сусам.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Две патерици на студениот црковен плочник...
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Инвалид потпрен на патерици и загледан в земја.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Две патерици се лизгаат од патот... Децата дремат крај свеќите.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Се товарат ранетите во возови; трчаат болничарите и со вар испишуваат крстови по вагоните; внатре вагоните се послани со слама; ранетите си помагаат еден на друг: ги подаваат рацете или патериците и ги прифаќаат оние што со мака се качуваат во вагоните; во далечина екнуваат пукоти, наредба е што побргу да се трга.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Влезот во бањите го краси една скулптура на маж, кој крши патерици, а под нив стои испишано: стани и оди.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
А сега инвалид, со две патерици и со горчина во душата за цел живот!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
- Марш, серко! - викна Нумо и ја подигна патерицата.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Што има да се подготвувам? Само ременот да си го стегнам, патерицата под мишка и ајде. Ни шинел, ни капа, ни ќебе...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Излегува сред џаде, раширува нозе и подига и рака и патерица.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Но, веќе истиот момент, како на успорен филм, на човековото лице љубопитноста се замени со гроза и раката убиствено ја зграпчи патерицата...
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Ги нашле, како кажуваше, Ибраим Ибраим, в зори или подоцна, по една спогодба на завојуваните за кус мир за кое време ќе се соберат мртвите и ранетите; подоцна, по некоја година, еден човек без нога, ќе се потпира на патерици и на слеп човек, катадневно да седат обајцата во чајџилницата на некој Тефик Рамо, човек со задув и срдечен кон секој кој што, дури и првпат, дошол кај него на чај или кафе.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Дотрча и, сосе патерици, ме крена.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сум ги потпрела патериците под мишка и плескам, аплаудирам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Влегувам меѓу патерици, се поземам со нив и одам така со куцање.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
По многу години, стариот градител, веќе на патерици од пуста старост, дошол со задув кај царот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„ Го слушам тропањето на твоите патерици врз калдрмава.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Прво заеднички ја викаа: Иде, иде Василица. Со кривата патерица...
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Повеќе