патент (м.)

Едниот дел на таванот беше подреден со книги од татко му и предмети што преостанаа од лабораторијата, масиче за читање и пишување, троножно столче, сламена постела за лежење, фенерче обесено на гредата, чоколадни сликичиња на глумци закачени со патенти по гредичињата, големо огледало од подот до покривот, потпрено до еден дирек, кое најмногу и го привлече вниманието на Злата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Внимавај, патент - бравата се затвора автоматски. Биди внимателен!
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Хаосот се дели на купчиња, се пакува во светликави пластични ќесички и се затвора со сигурносен патент. Цап!
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
BODY Златножолтиот сок од портокал се лелее во чашката осветлена од сонцето; густ и сладок карамел лази по ритчињата розев сладолед; патентот на фармерките со остар звук, се повлекува нагоре, кон папокот оросен со златести капки пот; сочниот задник го покажува својот крушковиден облик; капе густиот ketchup и ја намокрува жедната тестенина; бисерните заби се забодуваат во јаболкото со сочна експлозија; водопади од свилени локни се сливаат низ нежни женски раменици; овесни снегулки со нечујни експлозии паѓаат во млечно море од порцелански брегови; и сѐ е така juicy, и сѐ е така crispy, ммм, и сѐ е така crunchy, мммм, и сѐ е така fluffy, мммм, и сѐ е така delicious, оххх, и сѐ е така irresistible...
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Повторно во врска со признавањето на својот патент- систем, најдобриот, најхерметичниот, за секаков вид пумпи за точаци...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Едноставно ќе ги спакува своите работи, можеби дури ни тоа, по ѓаволите со тоа, можеби само ќе се облече во облека за излегување, ќе ги закопча копчињата затвори дрикерите повлече патентите и ќе ги остави клучевите во кутијата за експрес чекирање, тоа е за нив, всушност, господинот и госпоѓата Платено Однапред, или дури ни тоа, ќе го уфрли клучот во кое било патемно поштенско сандаче, повратната поштарина е загарантирана, по ѓаволите со тоа, време е да се тргне.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Постоја еден миг гледајќи во него, а потоа посегна во патентот на својата униформа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Едо наместо да ѝ одговори, се ведна кон својата патна торба и го приотвори патентот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Дојките и задникот и беа толку нададени и впечатливи што ти се присторува дека секој час ќе попушти илои некое копче на палтото или патентот на суќната.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Како она, кога Катерина ќе го повлечеше патентот од здолништето. Самото ѝ паѓаше кај глуждовите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Оставете го патентот самиот да се справува со предизвиканата непријатност, објаснуваше Катерина додека го сместуваше здолништето на потпирачот на столот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Боге ја погледна зачудено, не Кате туку марамата, па ѝ ја грабна од рацете како само уште неа да ја барал; но, додека ја пикаше во торбата, настегајќи ја со колено пред да ѝ пукне патентот, почна да се смее - прво придушено, потоа сѐ погласно.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Шаторот се затвораше со патент широк како офицерски ширит, од врвот до прагот, а тука се заклучуваше со катанец, чиј клуч го држеше Геро како најстар во екипата, но не во малото џепче кај ситните пари туку на синџирче заедно со ножето за отворање конзерви и отнување тапи.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Полничка насмеана Албанка, кај која евтино го менував патентот, ме препозна и љубезно ме пропушти внатре.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Шивачката најнапред ќе го скрои и сошие фустанот, па потоа го обликува и дотерува, му става штепови, џебови, патенти, копчиња.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Клара ја болеше патентот од паричникот што силата на прегратката ѝ го заковуваше меѓу градите со едно слатко, издржливо гребење.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И сега, замисли, невеста од барака (ќарена за време на земјотрес) со теписон, покриен со черга по дијагонала (од практични причини) и тросед обвиткан со најлон и захефтан со патенти како од филмот „Големата грчка свадба“ (од хигиенски причини), од една страна... и младоженец што живее во државен стан, послан со „персијанер“ и мебел од оние 15,16 ЛУЈ, од друга.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Па, дури јас влечев од натисканите торбулиња што кога ќе го отвориш патентот се расцветуваат како свежа зелка, а некој би рекол „пуни ко шибица“, тој се нудеше да ми помогне, и онака, сега знам, не „ради реда“ ме потпрашуваше: „Од каде ти е ова робава“, па „од каде ја носиш“, па „како ја пренесуваш“, па „како ја озаконуваш?“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)