партизанка ж.

партизанка (ж.)

Селаните помешани со партизаните и партизанките, почнаа да играат.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Една вечер чувал некоја партизанка, а таа му рекла дека ќе го земе за маж ако ја пушти да избега.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Во камионот имаше две партизанки, нè качија и ни рекоа дека одат за Прилеп и дека потоа ќе одат преку Охрид за Албанија.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Сакав да викам од прозорецот, но ми текна што ќе речат: какви се овие партизанките.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
92 При пристигнувањето членовите на британските воени мисии биле изненадени кога виделе “девојки партизанки, и грчки девојки кои изведуваат физички вежби секое утро“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Пантолоните ги фрлија дури и вистинските партизанки!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Еден ден, партизани и партизанки од разни места од Македонија во одредот, беа во селото пееја партизански песни, фатени во големо оро...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Врвеа папсаните партизани и партизанки, носејќи ги на рамо, на ќебиња и носилки ранетите и заедно со нив врвеа старци и старички, мажи и жени во стасани години, дечиња кои со улав во очите цврсто се држеа за фустаните на своите мајки.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во молк го ислушав раскажувањето на сега осумдесетгодишната и некогашна партизанка на ДАГ, која неочекувано, со горчина во гласот, ме праша: - Како ли да го наречеме тоа време на кое често му се навраќаме во нашите спомени?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Меѓу луѓето и од страните трчаа партизани и партизанки и тие викаа, се довикуваа, се свртуваа, прекинуваа трчање, клекнуваа и пукаа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Фимка се врати кај Циљка. Дури сега забележа колку е изменета од ланската година кога ја собраа партизанка заедно со сите девојки од селото.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)