панаѓур м.
панаѓурски прид.

панаѓур (м.)

И ете, уште на Петковден самиот тој отиде на панаѓур во Бешишта и пиша на рабош 10 товари жито, 18 овци, 22 јагниња, одделно што собра три лири и черек готови пари, толку зеде за брашно, волна, сланина што собра од селото за новиот манастир и го продаде тука в село.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Оваа легенда старите ја поткрепуваат и со заедничкиот селски панаѓур (слава) свети Атанасија зимни, кој го служат сите три села, како некогаш што го служеле сите тројца браќа — Раде, Гале и Вите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Од каде сега без панаѓур волку госје кај тебе, вујко? — праша и се прибра до светилникот небарем и таа борина ќе клава.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
ПОРАДИ ТИЕ ПРИЧИНИ некако се ублажи положбата и луѓето се поразмрдаа. Наближи и денот Илинден, селскиот панаѓур на Градешница.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тргна по селата да проси милостина за манастирот Трескавец и дури ги ишета овие села по ново Мариово, веќе дојде и денот Богородица, панаѓур на Старавина.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Било плипот од деца и панаѓур од женска убавина.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Шетајќи по панаѓурите низ Мариовските села, уште во првата година од женењето, на Спасовден, се запозна во Полчишта со Јована Мачникот и овој го прибра кај себе за да го научи на неговиот занает.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
ЕВТО: Пренесувам стока на панаѓур во Прилеп деновиве. Немаме грош.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
СВЕТИ ТРИФУН I Ме затворија во манастир во црква ме затворија во осама ни дождот да ме мие ни виното ни плодот на надроченото сонце под овие ридја ме врзаа за ѕидот за тулата за варот со боите на ридот со воздухот на коштаните ме врзаа млад и ме нарекоа светец а јас лозите ги сакав и очите на селските моми на гроздобер на панаѓур на сведен.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Иако светската изложба е замислена како место на кое на секој чекор и во секој експонат треба да се согледа современата човечка култура, цивилизација, наука и технка, многу од приредувачите намерно не се придружувале кон овој принцип, настојувајќи што повеќе да внесат и од она што може да се види и доживее на секој обичен панаѓур.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Некој што не знаеше за домот можеше да си помисли - панаѓур.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Те гледам тебе на манастирскиот панаѓур: зацрпуваш вода со стомните и ми подаваш... Те сака твојот Наќо“.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Луѓето од Езерец уште од зори се приготвуваа да одат во манастирот, да му запалат свеќа на светецот, да му се помолат и да купат нешто на панаѓурот; во селото врвулица: излегуваа луѓето од куќите, се меткаа по дворовите, се собираа и тргнуваа; секој носеше по некој дар за манастирот: овца, коза, теле; тие што немаа добиток, плачки: кошула, риза, чорапи, бовча, шамија; рикаше добитокот по патот, луѓето се довикуваа, се причекуваа да одат заедно; помладите одеа пеш, а постарите и децата качени на коњи или магариња; некои одеа со чунови по езерото во кои имаа изнаредено плачки за спиење и храна - сето личеше на некоја преселба, збег.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Некои од тие што остануваат да му слугуваат на манастирот, радосни се што ја гледаат оваа убавина надополнета со луѓето, со панаѓурот, а некои се стискаат за своите родители, не се делат од нив, плачат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Јас сум си поставил посебна, многу важна цивилизациска задача на овој цивилизациски панаѓур.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Просто, му се раздроби и ќе му препукнеше до колку не праша: - Целиот бел север го испросанкав, многу видов и превидов, ама ваков панаѓур, волку убав свет, не сум видел ни насоне.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Зад главите на елените се е живо, шарено, зовриено, изначичкано како на детски панаѓур.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Што буден недобуден, што сонлив недосонет, си ја влечкам снагата кон шталата, кон коњот и самарот, кон ситната стока што треба да ја носам на панаѓур во Виница.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ни во еден момент не помислив дека станува збор за ваше дело; дека вие го имате аранжирано тој панаѓур низ кој имав несреќа да поминам!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Оние поединци кои го имаат посетувано училиштето за стравувања и стравотии или пак оние другине кои на панаѓурите навикнале да ги шетаат одаите на ужасите можат да се досетат како се чувствував.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Повеќе