пакосник м.

пакосник (м.)

Решението на целата бригада беше строго и неумоливо: да се отстрани тој пакосник од нивните редови!
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Отпрвин како лага, пуштена и ширена од пакосници, недоверливо се прима од луѓето во градот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ме болеше грлото и ме болеа ушите - ќе умре Лозан Перуника, како да ми шепотеше некој невидлив пакосник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Еднаш, во шталата во која спиел на душек, Илчо Просинек се сретнал со повампирениот пакосник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ме сметаше за потскажувач, за мал пакосник што гледа во него виновник за несреќите на патот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Таквите јас одамна ги нареков „бездарни пакосници“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК