павта (несв.)

Одвај павташе со крилјата, се влечкаше по небеса. Доаѓаше некаде од дамнините и којзнае по колку века Одново ќе грачи во својот дом.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Таму, ниско над ливадите, павтајќи со крилјата, се спуштаа и извишуваа мршојади.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Павтам и удирам по бубачките.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Жена му од кметот пафта со скршена гранка по лицето и се лади.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Оној Колнатиот. одминувам Павта ноќта Со крила од ветер И така Поминува.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Птицата се исплаши, и летна, павтајќи со крилјата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Јас сум, ти доаѓа да му се одѕвиеш на тој глас, јас сум тоа, мајко, и сенка само гледаш на некоја митска птица која прелетува и павта со крилјата пред врата да ѝ отвориш.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Ама затоа пак гласот ѝ беше певлив, мекамлиски, без стрчки во извивањето, а за пријатната миризба на мошус и амбра што павташе од неа, и да не зборуваме.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Затоа пак светот женски крај огништето, павта и везден ја разгорува силата на жарот што тлее, оти огинот сам пат си отвора: додека сѐ пепел да се стори, за жената има надеж.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Додека ептен не се стемнило редно е да се потроши уште некоја насмевка и да се направи уште една пируета во бескрајот на детството секако ќе има време да се забрише и правта од чевличките, малите бели чевлички па сите срамежливи погледи и палави мечтаења и сновиденија да се стуткаат како алишта во куферот има куфери што набабруваат од насмевки пред за последен пат да застанат на перонот на црната неизвесност тринаесетгодишната ханичка брадјова тринаесет пати се закашлува пред да се качи во возот кој има само последна станица ханичка тринаесет пати се сврте кон багремите кои од навика чекаат нова пролет за расцутување фрли поглед и на омиленото бело облаче на кое гулабицата неуморно павташе над седалото за недосмеани насмевки.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Оп, ми прелета пред нос еден галеб кој мигум се стори раскошна галабица. Павташе со крилјата во ритмот на Интернационалата.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)