оѕвие св.

оѕвие (св.)

Оѕвиваше како борија. Неговиот глас ги поведуваше, ги предизвикуваше и другите кучиња да лаат.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Филипе, Филипе, писнувам да викам, а тој не ми се оѕвива.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Коста, Коста, го викам, ама Коста го нема, не ми се оѕвива.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Адио, синдрофиса Небеска, ми се оѕвиваат Албанците од ќелијата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Војниците му застануваа со колената на нозете, на слабината и на главата да не прета; и додека тој рикаше беспомошно и силно што оѕвиваше селото и планината - касапот ќе му го зариеше ножот во грлото, риејќи низ него додека му го пресечеше гркленот; кркореше бикот, шикаше крв на сите страни стркајќи ги војниците, се виреше крвта во локва и правеше црвена браздичка која истекуваше во езерото зацрвенувајќи ја водата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Во манастирот оѕвиваа тапаните и свирките и се виткаа ората во манастирските дворови: играа оние што дошле уште од синоќа и ноќта ја минале во веселба.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК