очаен прид.

очаен (прид.)

Колку во поскоро време еден народ го изменува својот јазик, толку поопасна и очајна е неговата положба.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Најпосле најдолните, најочаените органи на српската пропаганда, родум Македонци, пак се полезни за Македонија: од нив се образува класа од недоволни од српската пропаганда за коишто нема пат кон Бугарите; тие ќе ја зголемат класата од националните сепаратисти.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Борбата беше и е очајна.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А една лира имаа. - Кај да бараме уште две? – рече таткото очаен.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Се заниша и очаено побара стебло да се потпре.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Помина во очаеност и хистерична нервоза, дури еден ден не ја најдоа под пенџерето здробена.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
На сите лица се покажа загриженост и очаеност.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Што ќе правиме сега? - очајно ги закрши прстите мајката.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тоа го знам и би сакал уште да знам - кога можам да заминам кон чистилиштето на една планина како економ.“ Се потпиша и го здипли писмото со невешт искинат ракопис, по малку очаен зарад својата искреност, овој пат без капка цинизам, но и зачуден дека човековата биографија може да се набие в кожура како неколку зрнца ситен и безначаен барут.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Не, не!... Очајно затресе со главата Аргир.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Пред шест години неговиот професор ја затече својата жена со еден маж пожарникар - млад русокос вол и со оперетска насмевка, ја затече гола како вистина и побеле за неколку ноќи. После, по една очаена решеност на полулуд човек, му го испираа отруениот стомак и се бореа во болница да го спасат; студентите се чудеа: ако е веќе курва зошто ја остави.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Не сакаше да признае додека го слушаше брчењето на комарците: Јана не беше како сите други, дури како и онаа Марија, неговата последна љубов, нејзината младост сѐ повеќе го жежеше и го фрлаше во очаена осаменост.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Жената се тргнува, сфаќа. Очајна е, знае: Тешко може да го одврати кога намисли тој нешто да направи.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Отпрвин, тој ја гледа во очите и потоа немоќно почнува да ја гали. Има нешто безмерно очајно и тажно во тоа негово преплашено галење.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Пополека му се вселуваше очаеност, слабост ги зафаќаше зглобовите и целата снага.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Озгора стануваа двајцата нестрпливи. Долгиот возбудено викаше: - Стегни го јажето ... околу половината, не маткај се! ... Иде некој! Долгиот очајно опцу.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во Арсо се отвораше празнина и сам се гледаше во неа, очаен и заборавен.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Зоки шепоти очаено во себе: „Штрк, жирафа, мечка, слон, лисица...“
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- Ова е беда, вистинска беда! - шепотеше очаен.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Посилниот очајно одмавна со рака: - Не ти, туку Бугарин.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Повеќе