отстранет прид.
отстрани св.

отстранет (прид.)

Според другата теза, Мартон имал мозок, но во моментот на смртта тој бил отстранет.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Заедно со нашите Исмет и Марјета (подоцна Исмет ни кажа дека е полковник во пензија и дека воена академија завршил во Киев, дека по караницата меѓу Никита Хрушчов и Енвер Хоџа, бил отстранет од војската и пет години проживеал во логор), ја напуштаме улицата Ананстас Дурсаку и низ преминот што води кон центарот, врвиме по тесни сокачиња, мал остаток од стариот град.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Придобивките до кои дојде со донесувањето на овој закон се следните: отстранети се формалните пречки за воспоставување рамноправност меѓу жените и мажите, преку превенција и воведување услови за еднаков третман на жените и мажите; забранета е дискриминацијата врз основа на пол во јавниот и приватниот сектор и воведени се нормативни мерки од различни области за спречување на оваа дискриминација; се дава приоритет во случај на нееднакво учество на жените и мажите во телата на власт на сите нивоа; воведени се охрабрувачки мерки насочени кон елиминирање на нееднаквиот статус и се пропишани програмски мерки за подигање на свеста, како и за изработка и спроведување на акциони планови за поттикнување и унапредување на еднаквите можности.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
За работниците отстранети од работа, за времето додека се отстранети од работа, работодавачот е должен да ги уплатува придонесите утврдени со посебните прописи за најниската основица за плаќање на придонесите (чл. 237, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Судската постапка беше иницирана април и мај 2005, со две паралелни тужби против ЈП МЖ со кои Ристески, заедно со уште четворица негови колеги, бараше да се поништат,4 како незаконити, неосновани, необразложени и субјективно мотивирани: 1) Решението бр. 331/1 на Директорот на МЖ, од февруари 2005, со кое тој беше суспендиран т.е. отстранет од работното место5 со забранет пристап до донесувањето отказ поради кршење на работната дисциплина; 2) Одлуката бр. 02-463/1-1 на УО на МЖ, од март 2005, со која му се одбива приговорот и се потврдува првичното отказно решение; 3) Одлуката бр. 02-519/1 на УО, исто од март 2005, со која му престана работниот однос со отказ без отказен рок; 4) Одлуката бр. 02-931/1-4 на УО на МЖ, од мај 2005, со која му се одбива приговорот против претходнонаведената одлука.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но тоа, според нив, ќе повлече со себе преместување на југословенско-бугарската граница од планинските меѓи во речниот басен; Југословените тоа ќе го сметаат како загрозување на нивната главна комуникациска линија со Грција и Солун; не е многу веројатно дека мнозинството од селаните ќе ја прифатат шансата да ја променат националноста, а исто така не е веројатно дека двете држави би го спречиле емигрирањето на населението кое го сметаат за свое, со резултат дека иредентизмот нема да биде отстранет".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)