отпор (м.)

Во своите пожелби Патријаршијата ќе сретне отпор од Србите и Бугарите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако овие барања сретнат отпор од некоја од пропагандите, тогаш да се моли турската влада и големите сили да се оддалечат од Македонија деморализирувачките пропаганди, да се востанови Охридската архиепископија, во рацете на која ќе премине црковно-училишното дело за сите христијански народности во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ваквата програма (блиска и на руската политика – заради други цели и интереси) навистина сретна жесток отпор од страна на Организацијата.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
He еднаш непријателот вршеше офанзиви за да го скрши отпорот на народот и да ја уништи неговата војска.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
И последните бугарски војски се источкаа преку Витолишча и собраа со себе сѐ што најдоа; ограбија што можеа да носат; собраа стока што можеше да се тера и ја поминаа Црна за да дадат отпор некаде по дренската планина и Бабуна.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ги развлече усните и почувствува под јазикот вкус на смола. не знаеше дека само со едната страна на лицето се смее зашто се изнасилуваше да најде отпор, да се охрабри или да разбуди страв во себе.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Војна е, и нема обични разговори, обичен живот, растеше отпорот. И ништо не е обично.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Беше исцрпен, без отпор, без желба да совладува.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Им ги кажа сите имиња на водачите на бунтот, а особено подвлече каде е слабата страна на отпорот – да се нападнат од сите четири страни: на Чебрен, на Светецот, откај Скочивир и Тиквешко.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Не сакаше да се збуни, да ја издаде својата изненаденост, да биде уловен и од брат му, како што беше уловен од себе си во тоа ситно, мало, безначајно откритие. „Навистина, глупаво е да се сметам за зрнце песок, за отпор на твоите води.“ Неоскрнавената белина на новата превивка на неговата рака неодоливо го привлече погледот на брат му.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Отпорот секогаш, уште од неговото постоење во семето на прадедовците, го влечеше кон неизвесност.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Го залепи лицето на камен и се оклопи во својот отпор.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тишина. Негде вон пригушен женски отпор.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Така решаваат Иван и Павле. Тој се согласува без отпор.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Можеби постоеше и некаков отпор, но тој не сакаше да го сети.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Мислеше на ловот, сега сосема поинаку, за миг губејќи ја од своите мисли сета таинственост, што ја имаше до вчера во односот кон него, а нешто што се изроди во сиот тој поминат ден во него, низ онаа проклета притивнатост во сѐ, што правеше со своите раце, и што мислеше со своите мисли, нешто како негов внатрешен отпор кон таа помиреност во неговите движења, го распалуваше во оваа квечерина и го правеше наострен и здивен за уште еден обид.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тука немаше место за отпор. Што ќе речеше стариот археолог, тоа и ќе бидеше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Братучедите ги обзеде отпор што сам од себе им проструи низ жилите.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Сега веројатно ги држеше уште некој поривен отпор против понижувањето.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Можеби требаше до крај да останам упорна во својот отпор кон Вера и да не ѝ дозволам на таа туѓа жена да заземе такво место во нашиот живот со Ели, а татко ми како сака нека постапува.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Повеќе