отплови св.

отплови (св.)

Отплови низ прозорецот некаде в планина Неговиот последен смев.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Се обиде да патува кон соништа во оној час кога месецот се откачи од еден прозорец на двокатниот сандак и отплови нечујно влечејќи го по себе зракот, тој свој бел разбојнички појас.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Еден ден, додека ловеше во реката, брзата вода му ја симна од нога едната чизма и пред дедо ми да трепне, чизмата отплови во неврат.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Колку и да настојуваше да ја прикрива својата вознемиреност, пред нас децата, во погледот ја немаше сината ведрина во која често отпловуваа нашите сенишни мисли.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сместен во Поградец, град во кој диктаторот сакаше да престојува секое лето, новелата на Кадаре прикажува еден голем албански поет јадосан од режимот, чија последна слобода, поради немање можност да одлета или да отплови, поради неможноста да ги види своите дела широко распространети, се состои во неговото вљубување за последен пат и покрај одминатите години.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Уште на пристаништето меѓу Грците кружеше веста дека ќе бидат товарени во полски брод, значи најверојатно ќе отпловат за Полска.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Од албанските брегови отплови кон половината на октомври.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И сѐ што се случува на тоа патешествие низ животот секој со сопствениот к’смет и табиет е непознато, симболи, пораки и вистини на непроговорени јазици, само времето ќе ја открие нивната цел, ќе одживееме и ќе отпловиме некаде во вечноста, во утробата на универзумот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)