открадне св.

открадне (св.)

Земјо, тагата ни ја открадна. Стиснете ги тревките неа ќе ја исцедите.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Потоа пројавија интерес и за животописот во гробната капела на св. Наум каде што се прикажани неговите чуда: го направил неподвижен монахот што сакал да го открадне неговото тело од гробот; го направил неподвижен крадецот што сакал да го украде коњот од манастирот; ги излечил разните душевно болни луѓе изгонувајќи го од нив злото и бесот и им ги исцелил нивните душевни страдања, вадејќи им го нечистиот низ устата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Во откраднатата крбла за млеко гмечел со боси нозе туѓо грозје, се опивал, ревел споулавено.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Училишниот прислужник Геро, пред да забрани власта секакво излегување или влегување во селото, му го открадна коњот на болничарот што дојде од град и одјури некаде бегајќи ѝ на болеста.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Но еден поглед, и еден збор и насмев. Ми го откраднаа срцето за навек!“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Го бараше тоа како да е тоа четкичка за заби што некој ја откраднал; беше невозможно да му се отфрли таа желба.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Нежно се прегрнуваат, легнуваат на брачната постела и се соблекуваат, се чувствуваат, ги допираат своите кожи, растреперени и гладни за сласта што им доаѓа како награда за трпението, скромноста, чедноста, што некој сакаше да им ја попречи и открадне, но којашто ете тие си ја отворија во вечната свадба и љубовна игра во која си припаднаа еден на друг засекогаш, пред своите срца, пред семејствата и пред лицето на Бога.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Играта во која влегувавме, голи и топли, беше единствениот начин да го скријам чувството на сожалување кон Ема која таа тмурна ноќ во која паѓаше студен дожд (впиени еден во друг слушавме како се исцедува и во рамномерен интервал тропа вода во олукот, а потоа се распрснуваа на плочникот, како кога марта упорно настојува да ја продолжи до некаков бескрај досадната морничава зима), беше нестварна и лесно предадена на мракот, во обид (не рационален, во тоа бев убеден) да и се открадне на стварноста и да заживее нов живот, во некој негов сѐ уште неоткриен дел.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Легнат на грб се обидував во отсјајот на мижуркавата светлина на канделабрите од улицата да откраднам искра од нејзините очи за да можам во играта, која не смеев и не сакав да ја одлагам, да бидам свој онолку колку што таа ме познаваше. Попусто трагав по таа искра.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Букурешт чува тајна голема, од гради ќе ви ја одкраднеме, сѐ што е наше, и наше ќе биде... скромно ви порачуваме...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)