откочи св.

откочи (св.)

Поетични пцости наредени густо и истрелани од откочен шаржер.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Настапува напнат молк. Луков го вади револверот, го проверува дали е откочен и трга да ја отвори вратата.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Во неговиот скут откочен револвер.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ЛУКОВ: (Го зема и го проверува. Откако ќе го откочи, го сокрива под палтото.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Тогаш, придушувајќи го шумот со својата дланка, тој ја откочи пушката, а после, крадешкум подавајќи се од зад стеблото, гледаше по долинката пред себе. Ништо не му го затскриваше погледот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ја откочи, ја отвори- имаше што да види:внимателно го повлече затворачот назад за да него исфрли фишекот на земја, но затворачот не само што не извлече фишек туку ефрејторот виде дека пушката на Шишмана е наполно празна.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Молчат со откочени пушки, но срцето им се слуша дури надвор. Живот мила.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„... Потоа отидов во котларницата каде што ја имав скриено пушката, ја наполнив, ставив фишек во цевката и со пушката откочена, на готовс, тргнав кон канцеларијата на директорот со пушката пак во најлонската вреќа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тој прво посегна по пиштолот – дванаесетина луѓе го видоа тоа – но јас прв го имав откочено чкрапалото.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)