откорне св.

откорне (св.)

ПАНДЕ: Море, ќе ги откорнеме, само не знам кога!... МАРА: Кога ќе изгине светот.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Беличот му пријде потсмешливо и бргу, ни окото да не му трепне, ја откорна пијавицата од ногата на другарот и ја зафрли далеку.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Лимарот збунето кашлаше и го бришеше со два прста танкиот нос - се плашеше да не го откорне од лице.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Домаќинот со света сериозност слушаше, ја разгледуваше својата рака без два прста, ја нишаше главата како да сака да ја откорне од нејзиното лежиште.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
До што е суводолица се вовлече в земи да те откорне; До што е бог под сите дна те закопа!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Една сегашност: распаднати птици и кунатки, и увереноста дека може да исцеди низ своите прсти безбојност и портокаволост зашто и самиот стануваше смрзнатост пред смрзнатото прашање: „Каков Нојов ковчег спомнавте, пријателе?“ „Обичен“, откорна од своето грло. „Ремек дело на една малолетна архитектура.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тој се влеваше во дебелата бука, забиена во темелот на горниот ѕид на пиланата како огромен лост, со горниот дел повисок од покривот, исто како некој шумски џин да сакал со тој лост да ја откорне и да ја преврти ничкум нивната пилана.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Малчо се уплаши. А што ако дотрчаат соседите па ја откорнат?
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Лежеше, седнуваше, стануваше, се обидуваше да откорне стракови папрат, ги маваше мравките што патуваа низ тревата, грицкаше горчливи тревки, а не знаеше зошто.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
По десетина минути жестоко мавање ја спушти секирата, седна врз дабовиот трупец, од кој одвај успеа да откорне две, три поголеми иверки, па тешко дишејќи, ја погали рапавата кора на Јурукот, шепотејќи: - Прости ми, Јурук, морав со некого да се мавам!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Грдан испушташе пена од устата: „Нека види, нека види сега, кого ќе го откорне...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Најпосле го пробија, откорнаа еден камен-два, а потоа полесно почнаа да ја прошируваат дупката и да навлегуваат внатре; кога го пресекоа ѕидот на онаа висина на која удираа, тој се урна, а со него и оној дел од покривот што лежеше на него, откинувајќи се исто онака како што Бандо го виде во сонот; и сега, гледајќи го повторно тоа паѓање, не знаеше дали е ова на јаве или повторно сонува.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Море ќе те откорнам јас тебе оттука, семката твоја!“ пламна Профим и со мотиката го удри Грдана.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Месото мора да се откорне со нокти, раната да се изгори со жар. А вие се карате. Гајле немате.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Што ли карпи откорнавме откорнавме изделкавме за божје тркало.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
И како заоѓа сонцето – така почнува да врне, лие врз книгата, ги брише буквите - не може да ги откорне крстовите.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Од ридот од снагата негова од срцето нѐ откорнаа.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
И нѐ поставија во низина глуво да ја довикуваме откорнатата пазува.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Како да телефонираме кога во телефонската говорница нема телефон. Нема ништо дури, ни жици! Сѐ е кренато, сѐ е откорнато...
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Кошничките сега ги нема, откорнати се, фрлени негде, а на местата каде стоеле тие - расфрлени отпадоци. За сто срамови!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Повеќе