отклон м.
отклони св.

отклон (м.)

Проучувајќи го хармоничниот пат на јагулите, кој беше постар и од постоењето на човекот, Татко се соочуваше со вистината за неговиот отклон од правиот пат во природата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Романот „Ервехе” изобилствува од фабуларни заплети низ кои приказната си добива природен тек, бидејќи, овој белетристички колаж од новела, повест, роман, мемоар, дневник, есеистички отклони и драмски акценти всушност претставува модел на посовремено поимање на прозната форма, кој некои меѓу нас ќе се одважат да го крстат и со квалификативот постмодерна.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Најпосле, дури и најмал отклон од тој стил, дури и блага замена на тој изглед може да го упропасти целиот ефект, да ви ја дупне возбудата и да ви ја спласне заинтересираноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)