отказ м.
отказен прид.

отказ (м.)

Може ли мирно и спокојно да го стори тоа, кога знае дека отказот за нив значеше сега исто што и да им изречеш најтешка казна.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Па, главната улога е тоа што морам да се однесувам како адвокат и да ја бранам сопствената работа, да бидам подготвен во секој момент да дадам отказ и да се повлечам, зашто не сум навикнат - и навистина нема - да се потчинувам на произволната уредничка контрола.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Нивниот сексуален живот стана толку возбудлив и инвентивен што зоологот сѐ повеќе задоцнуваше на работа додека наскоро сосем не престана да оди и даде отказ.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
По војната, повторно ги прифаќа обврските во Кембриџ, но согледува дека местото професор не му одговара, па дава отказ во 1947 година.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Дадов отказ, се преселивме во поголема куќа, децата тргнаа на училиште.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Дадов отказ. Човекот што ме вработи се закануваше дека ќе ме убие ако заминам. Не ме уби, најдов друга работа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ја воведе во употреба играта “ламуш“, го поплочи плоштадот на пазарот и ја засади со брези улицата што води до јавните канцеларии; повторно се обиде во Глупов да воведе академија, но, откако доби отказ, изгради собирен дом.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
А денеска, токму утрово, дојде да ѝ каже дека дава отказ.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
На разделба, моите униформирани колеги ме поучија: - Како што гледаш, суштината на американскиот сон не е да добиеш работа - туку да дадеш отказ!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Прво се прашувате дали Бошко Смаќовски добил отказ од Радио Скопје, па уредниците решиле на сабјле да емитуваат репортажа.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Работи оној што мора - а отказ дава оној што си има попаметна работа.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
И туп на директорот му дава отказ.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
•  второ, одредбата која предвидуваше дека работодавецот е должен да ги извести работниците, на кои ќе им престане работниот однос поради деловни причини, еден месец претходно – во случаи на поединечен престанок на работен однос, или во случај на престанок на помал број работници; а три месеци претходно – во случај на престанок на работниот однос на повеќе од 150 работници, или на најмалку 5% од вкупниот број вработени во претпријатието (чл. 136, ЗРО/03 – Пречистен текст) – беше променета на следниов крут начин: „Работодавачот за намерата, а најдоцна 30 дена пред донесувањето на одлука за престанок на работен однос на поголем број работници од деловни причини е должен, за причините на престанувањето на потребите од работата на работниците, за предвидениот број и категоријата на вишокот на работници и за предвидениот рок во кој ќе престане потребата од работата на работниците – да го извести репрезентативниот синдикат кај работодавачот, а ако нема таков тогаш претставникот на работниците, и да се советува со нив за можните начини за спречување и ограничување на бројот на отказите и за можните мерки за спречување и ублажување на штетните последици“ (чл. 95, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во оваа сфера, со ЗРО (2005) се регулираше ситуацијата на отстранување на работникот од работа од кај работодавачот – до донесување на одлука за отказ.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во ЗС од 2006 година се воведува обврска за стечајниот управник за доставување на примерок од решението за престанок на работниот однос на работниците на кои им бил 169 даден отказ, до надлежната служба за посредување при вработување на чие подрачје се наоѓа стечајниот должник, во рок од три дена од денот на донесување на решението, а заради остварување на правата на работникот (чл. 166, ЗС/06).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Но, правото на паричен надоместок, иако тој плаќал за тоа додека бил во работен однос (!?), не може да оствари невработено лице на кое работниот однос му престанал поради: (а) давање писмена изјава на работникот дека сака да му престане работниот однос, освен ако таквата изјава е дадена поради промена на местото на живеење на брачниот другар или склучување на брак; (б) спогодбено престанување на работниот однос; (в) остварува права од работен однос спротивно на закон; (г) престанок на работен однос по сила на закон, освен во случај на престанок на правното лице поради стечај; (д) неоправдано изостанување од работа последовно три работни дена или пет работни дена со прекин во текот на една година; (ѓ) престанокот на работниот однос со отказ од страна на работодавецот за кршење на работната дисциплина или неисполнување на обврските утврдени со закон, колективен договор и договор за работа; (е) одбивање да работи на работи на кои е распореден во согласност со закон; (ж) одбивање да биде преземан со спогодба кај друг работодавец во согласност со закон; (з) одбивање обука, преквалификација или доквалификација за друго работно место кај ист или друг работодавец, што му се обезбедува во согласност со закон; (ѕ) губење на работната способност согласно со прописите за ПИО; (и) исполнување услови за остварување право на пензија (чл. 67, ЗВОСН – неофицијален ПТ). 107
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Судската постапка беше иницирана април и мај 2005, со две паралелни тужби против ЈП МЖ со кои Ристески, заедно со уште четворица негови колеги, бараше да се поништат,4 како незаконити, неосновани, необразложени и субјективно мотивирани: 1) Решението бр. 331/1 на Директорот на МЖ, од февруари 2005, со кое тој беше суспендиран т.е. отстранет од работното место5 со забранет пристап до донесувањето отказ поради кршење на работната дисциплина; 2) Одлуката бр. 02-463/1-1 на УО на МЖ, од март 2005, со која му се одбива приговорот и се потврдува првичното отказно решение; 3) Одлуката бр. 02-519/1 на УО, исто од март 2005, со која му престана работниот однос со отказ без отказен рок; 4) Одлуката бр. 02-931/1-4 на УО на МЖ, од мај 2005, со која му се одбива приговорот против претходнонаведената одлука.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во април се одржа второто рочиште на кое, по барање од судечкиот судија да се достави доказ за писмен отказ, тужената страна достави само обична е-порака испратена од координаторот (надредениот) до претседателот на организацијата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И денес се лутам затоа што на шефот не му побарав отказ пред да бидам принуден да му го побарам; што неговите безвредни предмети не му ги фрлив пред нозе пред да бидам речиси принуден да му ги фрлам: зашто, еден ден мојата стопанка ми внесе во канцеларијата некој човек со мрачен поглед кој ми се претстави како продавач на лозови и изјави дека сум сопственик на сума од 50 000 германски марки ако сум тој и тој и ако имам некој си лоз.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кога се вративме од САД јас добив отказ од работа како и повеќето мои колеги и колешки.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Повеќе