остине св.

остине (св.)

Каснете додека е топол комадот, да не ви остине.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Во здивот гребеше остинат чад од цигари.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А со неговиот поглед во таа синевина одеа и сите молитви на сѐ живо на овој остинат свет кон тој усвитен, далечен бог.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Извади во едно паниче сирење, па седна крај разгореното огниште, и не чекајќи ни малку да остинат, ги подбра компирите и не ги остави додека не се наполни до гуша.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Го простил господ на мене, си мислам. Си остинал човекот на моите рамена.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Така неискапена, непроменета, непреоблечена. Ја покривам со земјата и се чудам: кај отиде огнот нејзин, како остина толку. Ја закопувам Капинка, а се молам Ѕвездан да причека, да не умира денеска.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ама тој е веќе остинат. Како да бацувам некој студен камен, некоја мраморна гробница.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мусли бег наеднаш остина. Иако не сакаше така да си помислат христијаните сам чувствуваше дека така зборува, како да ја пади од себе, од Арслан бег и од Турците во Потковицата несреќата: Оти високо летаат и грабаат па си мислат ќе ги смилостиват ако не ги убиваат, или оти ги мислат за божји птици па веруваат дека ќе ги стигне несреќа ако ги убиваат, праша.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Нивните гласови ги мрзнат во ушите, како најдолг и најструден мрзулец, кој ти достасува до душата и срцето и кој ти ја остинува и крвта и снагата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Пуста среќа, пусто штастие: студот ни ги витка ушите, остинати ни се и 'рскавиците.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Учителот Стамен заедно со болничарите што беа дојдени од градот, во училиштето гаснеа вар во буриња, и кога ќе остинеше варта ги тераа децата да се капат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Или од црните потони на мојата крв ќе избликнат непознати желби, и ќе биде доцна кога ќе излезат, никогаш веќе не ќе можам да мислам дека се мртви или остинати, и никогаш веќе не ќе бидам она што сум бил.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
(напати ти се привидуваат пештерните манастири околу Белото, лихт луминозно езеро - она понасевер од Делфи и од Костур - светилиште само по себе облиено со внатрешен сјај од белки на монахинка среде коишто, во драматичен контраст се вовира зеницата, духовниот рез); - многу мислиш, а малку искажуваш јазикот за тебе поскоро е молвење од разговор, сѐ е ВНАТРЕ и ти, и Тој, и исказанието и дослухот меѓу вас и предметот дури се вовлекува во тој, невидлив за другите, Круг; - и повеќе не правиш разлика меѓу искреноста и вистината со денови се повлекуваш во себе секнуваш, понираш, остинуваш стаписан, онемен, оти си согледал: не е лесно да се биде искрен!; - и повеќе не е битно дали нешто те повикува без престан да му припаднеш, сестро Варваро или просто посакуваш од дното на душата од нејзината небесна бездна да постоиш блажено во согласје со себеси и навистина повеќе ништо друго не е суштествено освен: да ја бараш сопствената сенка сѐ додека не си соѕидаш самица а во неа си - Лице без сенка: м-о-н-а-х!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)