оскоруша ж.

оскоруша (ж.)

Далеку од селото, под оскорушата, низ гранките на која се пробиваа јадрите капки вода - се проштаваше Веле со мајка си, вдовицата Кита.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Штом ќе се разгласеше дека војната завршила, луѓето сета комина што ја имаа (од сливи, од дренки, од муренки, од грозје, од кајкушки и оскоруши) ја вадеа од бурињата и ја носеа на казаните крај езерото да ја печат; се носеше и комината од црковните сливи и лозја и деноноќно се печеше ракија, и деноноќно се пиеше; пиеше старо, младо, машко, женско; како што капеа казаните - така луѓето со чашки, со филџани, со канчиња, со матарки, црпеа од ракијата, пиеја, наздравуваа еден на друг, ѝ наздравуваа на слободата, се бацуваа, пиеја колку што душата им сакаше и не им сакаше, кој како ќе се испијанеше скокаше сосе алишта во езерото или пак луѓето го пикаа да го оладат и отрезнат; но по секое отрезнување - започнуваше ново пиење.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- И имавме секакви круши: и оскоруши и горници и кајкушки и туѓинки и јакачки и кантарки, црвеникави, што гнијат само зиме. А пакмез...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Колку убавини, толку таги има Што не сум ги начнал и не сум ги сетил, Толку предели што не сум ги посетил, Што не сум ги насетил и преселил Во окото, во душата, оскорушата На есен, тополата разголена, разболена Од лисјето пред паѓање, пламенот на згаснување Толку убавини, а празнина во душата.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
во долиштата до кои не стасала лакомоста на живите, го засилуваат листењето на оскорушите и дренките, и на оние сини цвеќиња над кои сеќавањето разбуцува топли спомени: но таму е проѕирен и лелеав Дмитар-Пејко со цут на жилата меѓу веѓите, стои во ѕвонеста кошула на младоженец и помлад е од некогашната своја младост, ќе се пресмета со чудовиштето што ни го претскажуваше патем:
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мечката го хранела брадосаниот никаквец и натрапник престрашен и за ѓаволот, му носела големи гранки со оскоруши, грмушки со дренки и искорнати гнили стебла со мед во утробата. Тогаш можеби била и скотна.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)