осека ж.

осека (ж.)

Затоа тој секогаш само Неа ја обвинуваше, само во Неа го бараше виновникот за плимите и осеките што го растресуваа нивниот брак.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Меѓутоа, беше невозможно сирењето да се замени со круша, плимата со осеката, држалката со секира, мелодрамата со драма, песот и мачката, денот и ноќта, и лебот со путерот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Долу, до под самите наши нозе, удираа малите бранчиња на езерото, тивката плима и осека.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Со оглед на чудните пресврти по пропаста на Отоманската империја, од Салоник кон Монастир се случувал прилив и одлив на сефардско население во миграции предивикани од воените плими и осеки на новиот 20 век најавен со воени случувања на Балканот, а потоа и со две големи војни што пламнаа низ целиот свет, а особено силно се разгоруваа на територијата помеѓу двата града.  Елеазар бен Цви, значи, ги знае сите факти од животот на монастирлиите.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Патуваш по границите рани, странични на вселената – изведена смисла/свет а таму душата лебди, бдее бедеми бедни та раскошни со плимата плиска со осеката секне секавично и ведно гледаш и мижиш во длабините и самиот длаб на етерот бладање, сон на сенката светилник на помрачението блаженство во јадот страст за питие смрт и заборав за лага и заблуда за облик, опиум!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Понекогаш зборовите имаат уши, понекогаш зборовите и гледаат, ама сега како шупливи костени исчезнати со солената осека.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Ништо нема, ниту плима, ниту осека. Само празнина и мрачнина.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)