осветление ср.

осветление (ср.)

Наближуваше денот на премиерата. Готови беа и костимите, осветлението, декорот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Следниот ден вечерта изгасна осветлението и градот остана во темнина.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А боите на осветлението се менуваат во сите мени прекажувајќи го знамето на нашата држава што низ него изгледа многу поголемо и многу посилно.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Проституцијата е тотална, електричното осветление исто така.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Електрично осветление немало, обичните батерии не осветлувале доволно. Останувало целата работа да се врши со свеќи.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тешкотијата претставувало осветлението.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)