освен предл.
освен сврз.

освен (сврз.)

Тие сакаат да ги направат Македонците Срби, забранувајќи да се обраќаат пропагандите со нив инаку, освен како „прави” и „чисти” Срби. Тоа не стана.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
До крајот на првата 1/4 на XIX столетие се ослободија од Турците сите балкански земји, освен Бугарија, Тракија, Македонија, Босна и Херцеговина.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако е така, тогаш не ни останува ништо друго, освен да му се помолиме на Господа да ги умножи македонските друштва, слични на Петроградското – „Св.Климент” насекаде каде што живеат Македонци. *Прочитано на II седница на петроградского Македонско научно-литературно другарство „Св.Климент” на 28 септ. 1903 г.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ланските се повторија годинава, годинашниве ќе се повторат в година, на земјата ништо не се менуваше, освен старите што умираа, младите старееја, нови се раѓаа да поминат по истиот пат по којшто поминале нивните предци.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А Гоцета Делчев го видел само еднаш и малку знаеше за него освен она што го имаше чуено.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
На Бошка не му остануваше ништо друго освен да се прави дека не слуша.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Хм! Што друго освен да отидеш до Дика и него да го молиш да направи некако да те куртулиса.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
ЛУКОВ: Речиси, сите... сите ние, освен вас, ќе спиеме на смена. Заради стражата.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Бил отсекогаш еден човек, којшто си бил достатен на самиот себе, и кој ниеднаш не бил свикнат да бара од другите нешто повеќе, освен да бидат некаде тука, крај него, секој за себе зафатени во своите грижи, многу често други и незабележувани од него, а тој ниеднаш немал потреба да ги побара, или пак да помисли на себе си вака, како сега: Сам...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А тој трмееше под бремето на својата тешка болка, која на еден ваков нечесен начин му ги врзуваше беспоштедно сите негови мускули и сето време мрмореше нешто и гледаше пред себе со широко растворените очи на страот, кои веќе не можеа да видат ништо во неговите природни бои, пред кои сѐ друго, освен тој страв, остануваше скриено.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се одлачуваа од ноќта сосема тешко, црни и бездомни како неа, искрснуваа заглувнати, чиниш некакви притулени далечни искрења во таа темница, за потоа да почнат да се приближуваат, сосема бавно, токму онака како што беше потребно, за да се заборави на сѐ друго, освен на тоа нивно наидување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој крик беше доказ дека освен тишината, освен заканувачкото пластење на снегот, освен секојдневието, постои над сето тоа, и нешто друго.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Од мртвата овца и од кучето, освен крвавите дамки по снегот, не беше останало ништо.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И колибата, особено сопчето во кое спиеше Бојан, беше непристапно за волци и за кој и да било друг стрвник, освен за човек со лоши намери, но од луѓе Бојан не се плашеше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Низ цела Холандија, испресечена со бројни дијагонали вода, не можат да се видат извишувања, освен покривите на висококатниците, фабричките оџаци и телевизиските кули.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сите се тие копуци, не знаат друг пат освен оној што ги води дома. Толку е нивното знаење.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ништо не ми се вдаде друго освен да бегам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Па да, Први мај, - му светнува, но за кратко, брзо згаснува искрата, од слама е, освен тие два збора, со клешти не можете да му извадите други, како магарче се заинаетило.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Имотот, освен дуќаните кои останаа затворени уште од времето кога се отселија мајсторите, благодарение на грижите и работливоста на имотските луѓе, сѐ уште некако се одржуваше, но семејството сосема се разнебитило.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Материјални сведоштва нема ни за тоа, барем науката не располага со такви, дека Градиште некогаш било богомилска, односно бабунска населба - освен долот кој се именува по нив и освен еден погрден збор, бабун, со кого денешниве жители на Потковицата означуваат некого кој се изопштил и од луѓето и од бога.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Повеќе