освен предл.
освен сврз.

освен (предл.)

Се изгасна родот, а друго освен тебе дете немам, не остана надеж.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Освен тоа, тие се на крајниот запад.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Народот не е ништо друго, освен едно големо другарство, основано на крвно родство, на општ произлез, на општи интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но освен Турците, по загубувањето на нашата слобода, наши „воспитачи” и господари станаа Грците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Мара му го полни филџанот со ракија, и се крсти, а истото го прават и другите освен Пандета и децата).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
МИТРЕ: (бидејќи освен Пандета и децата никој друг не јаде).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Сам ќе се пофалам: е патриот сум ти бре, кир Николаќи, не ја дадов на друг освен тебе што идеш во партијата моја.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Така свети Илија си ја чуваше сам стоката та никој не смееше да гибне ништо манастирско (освен питропите по селата и веќилите Вртановци во Прилеп) за да не се потфати како лисицата или волците што паднаа на пусија, откако ги изедоа манастирските ждребиња.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Друго не можеа да ѝ забележат освен што не беше сплетена „прцле“ та ѝ викаа „стришко“, други ја презираа што оди со машките во училиште и ѝ викаа „машкар-камара бик Стојна“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Се запна и ги кандиса Освен стариот мудур другите многу не се ни инатеа на предлогот на Колобана!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Зазбиван, тој се искачуваше нагоре не погледнувајќи освен пред себе каде што му газеа нозете.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Он ми ја донесе својата песна со усни да ја земам. И ништо сега освен неа, ништо немам.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Вие сте каури-рисјани и како такви ќе можете тептил да одите во тој змијарник и да разберете само две работи: кои се водачите освен оние поповите и два-тројца што ги знаеме веќе и каде е нивната слаба страна за да ги победиме.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сѐ остана вон овој задимен простор, густо наситен со миризби и звуци... Сѐ - освен заборавот. И урнатите стеги на желбите и страстите.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Освен пензијата не донесол никаква друга пратка во оваа куќа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Не познавам никого, освен сега вас.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Ја пикна во устата и јадеше цел грст, а во неговите очи не стоеше сега ништо друго освен таа лакомост, додека грутките земја се стркалуваа низ гробот и удираа, одекнувајќи тупо во чамовите штици на сандакот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Освен тоа знаеше убаво да раскажува, а Билјана знаше убаво да слуша, па така тие станаа големи пријатели.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
9. А затемнувањето не беше вечно и вечно не истраја ништо освен утрото и ноќта и Месечината што гинеше сама и сама од себе што се пресоздаваше.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Тој крик беше доказ дека освен тишината, освен заканувачкото пластење на снегот, освен секојдневието, постои над сето тоа, и нешто друго.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Повеќе