опута ж.

опута (ж.)

Мирче дојде токму на време. Уште бравите не беа скорнати, сите четворица му појдоа на овчарите кои ги најдоа боси да режат опути за да ги наврват искинатите биволски опинци што ги топеа денеска во локвата на пресопта.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Една опута си врзал, а другата ти се кине. И нова набиеница ти отвора.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А мораш да работиш. Не знаеш што те чека побргу: дали нива да копаш, дали добиток да прибереш, дали опута да вразиш. Не е едно.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Си ги подгазуваат опчаниците, си ги кинат опутите, ама трчаат и колнат, викаат. Којзнае што викаат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)