опул м.
опули св.

опул (м.)

Без да ја крева главата, без да фрла опул во нив, Пелагија знае дека тука е шефот на станицата, добриот човек со црвената капа и белата лопатка, учениците што треба да го завршуваат последниот клас, а според сенката што се мернува пред нејзините очи и здрвената снага на старецот, тука треба да е и Танаско!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Се овиснува на попречното железо по средината на вратата и фрла опул на едната и на другата страна од композицијата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ти си првиот кој со својот опул ни даде живот и ја сети болката во нашите очи.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Испраќа еден блесок од очите кон Пелагија, а таа, иако притисната од наплив на многу мисли, станува свесна за тоа и ѝ враќа опул со огромна благодарност не изустувајќи ни еден збор.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Мурџо исто така видливо растревожен од далечниот глас на камбаните оти и покрај тоа што сака да продолжи со нив, онде горе, на крајот од улицава ќе се сврти Пелагија со еден молбен опул дека доста одел со нив, дека сега е време да се врати да ја варди куќата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Но кога Тодора за првпат го виде, и одвисоко, со опулот го пронижа прашувајќи „што бара овој ќелеш овде?“, Петре, без да знае што прави, ѝ го врати храбро погледот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Како некој голем сарај, и тоа султански, да се отвори пред неговиот опул и го повика уште повеќе да се исправи.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Опулот му беше чист и отворен, раката пак секогаш пречеклива.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Лека-полека, никој да не сети, пресностасаните градители ми го затвораа опулот кон езерото.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Утринава во опулот ми останало само уште едно парче езеро што многу личи на четврт бурек - и тоа не со спанаќ или со месо, ами со бели едра.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Едно влегување во училницата, тој фрлаше врз мене опуљ и отсечно ме прашуваше: - Како се вика дедо ти?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И сега, греејќи се покрај овој гопем оган запален сред црква, со опуљ лакомо свртен кон иконите не за да се молиме, ами за да ги изгориме, небаре ја уништуваме целата надеж ние, борците за народна власт.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Човекот како да сака да и олесни на сопствената болка и на маката што ја влече со себе, ги повторува и ги преповторува зборовите на старичката и, тврдо газејќи напред, не свртува опул зад себе.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)