опстанок м.

опстанок (м.)

Пријатно беше да се размислува за претстојната средба со дедо Иван, но во својот прв ден во колибата Бојан мораше да размислува и за нешта кои бараа разрешување и од кои зависеше неговиот опстанок, опстанокот на триесетината овци, на говедата, кучињата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Пушката што не ја најде беше негова голема грижа, во неа го гледаше својот опстанок во осаменоста и дивината.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ете населба, то ест место, каде што христијанската верска догма не успеала сосема да ги надвладее паганството и митологијата, туку приопштувајќи се кон нив и испреплетувајќи се со нив, со нивните обичаи и празнувања се натоврила како со бесцени камења, и историјата, припокривајќи сосе малтер на легенди и преданија, печалела за други, за завојувачите, додека за тукашните ги резервирала страдањата, прогонствата и истребувањето, а заедно со нив правото на бој и правото од сето тоа да разгрнат епски духовни мегдани, кои, во текот на времето, неуките но интелегентни души на жителите на Потковицата ќе ги преобратат во фактичка своја историја и врз неа ќе прикрепат една колку рурална толку здрава и чиста егзистенција, која, пак, несполуките и поразите, кои се јавуваат како негација на сѐ живо и движно, ќе ги извиши на рамништето на својата вера во опстанокот и тука ќе ги озакони како судбински збиднувања во човековото битисување во овие краишта.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Со орел од ноќни пеперутки, мртвата божица бара опстанок во сонот – градител.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Сите знаеја за нивната „козја коалиција“, за поврзаноста на овој интелектуалец и козарот по клучното прашање на опстанокот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Козјото млеко претставува базичен елемент за опстанокот на жителите на Балканот, вечни жртви на Историјата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Големата меѓусебна искреност, во овие клучни времиња во борбата за опстанок, во овие јазолни балкански времиња кога поради нестрпливоста да се дојде до разврска по мирен пат, често се посегаше по ножот, ги поврза нивните души до претопување.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Единствената шанса за опстанок на подземната култура е нејзиното распрскување, максимално разгранување, бидејќи едноставно е невозможно спротивставувањето на технолошкиот бран што надоаѓа.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Во градината шета со очите и ги следи бубалките што лазат крај него, ги пофаќа, ги става на дланките, им ги сеќава намерите и маката да дојдат до храна, да се борат за својот гол живот, за опстанок и се соживува со нивниот свет.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Брус Стерлинг (Bruce Sterling): „Единствена можност за опстанок на субкултурите е во тоа тие да се распрснат, да се разгранат колку што е можно повеќе.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
„Ние сме загрозен вид, единствен за којшто знаеме дека претставува непосредна опасност по сопствениот опстанок”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во изворниот однос кон вистината на човековиот опстанок загубена е смислата на средбата.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Тимоти Лири НОВА РАСА Memis: Само-реплицирачки идеи кои се шират меѓу хуманата популација, предизвикувајќи културални мутации. Neoteny: (1) Достигнување на напредна функционална зрелост уште во стадиумот на ларва; (2) задржување на оптималните за опстанок ларвични или недозреани карактеристики во возрасниот период, одбивање да се престане со растењето, проширување на развојниот период.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Организмите во тоа езерце имаат достап до ограничени ресурси и стратегии за опстанок кои се енкодирани во нивниот генетички материјал и нервниот систем.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Деструкциската уметност комуницира такво визуелно знаење што може да ја оживее материјалноста на животот од насилната, дисконтинуирана деструкција која го загрозува опстанокот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Немаш никаква моќ на приспособување. Умот е во прилагодувањето на реалноста. Тоа е и главното правило за опстанок.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Загубата на еден деспотски авторитет се распрши накусо во јалово и комедијашко дебатирање на групи бивши поданици кадешто сите „буџаклиски” идеи се струполија на сцената како месијанско лакрдијашење, како проводаџиство со разни лицитарски „искупувања” на националната душа, како евтино магионичарско залудување на зашеметениот народен инстинкт за опстанок.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Опстанокот, пишува Лифтон, зад себе ја остава „втиснатата смрт“, која е проследена со „јанѕа од смртта, страв од смртта, и со вина на преживеаниот“, вина што изискува „чувство на долг и одговорност спрема смртта“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Севкупноста на тврдите објекти во кои е внесена одредена информација е позната како „материјална култура“ а нејзините карактеристични мемориски недостатоци (таа се изупотребува и станува отпадок) сега се претставуваат како сѐ уште неразрешени проблеми кои, според некои критичари на културата, го загрозуваат и самиот опстанок на човечката раса.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Кутриот, не ја разбира иронијата, си рече во себе, но сега за прв пат мораше да се огласи: - Другар Горски ве молиме вашите согледби да ги насочите кон живиот свет на Езерото, кон прашања битни за нивниот опстанок, доколку дојде до промени на составот на водата на Езерото, со градбата на хидроцентралите, со менување на текот на блиската река кон Езерото, вклучувајќи ги и јагулите, за што е предвидено да се преземат и посебни мерки.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Повеќе