опремен прид.

опремен (прид.)

Полицајците, специјално опремени за борба против демонстранти, беа чудно облечени, беа во кациги, во рацете носеа штитови, палки и што ли уште не.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Најимпозантен објект во опсерваторијата е сончевата кула, која е опремена со најсовремени апарати. Тука работи и д-р Сотировски кој ѝ се посветил на спектарската анализа.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
А одочесниците низ полето, како и додоларките накитени со зеленило, со венци од младо жито и од полски цвеќиња, опремени со крстови и икони, пееја своја песна: Крсти носам, бога молам: Господи помилуј! Господи заврни!
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Им преостана „Денот на Откровението“. Секоја година, на денот на стапнувањето на Островото, испрааќаа по еден добро опремен, брз брод во потрага по нови поданства.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Теоријата на преведување е опремена, како што Попович докажа, да ја следи „нечистата“ игра на сите грешки, проблеми, незгоди, недоволности, разидувања, и разлики.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Тука беа огромните печатници со нивните уредници, типографски стручњаци и комплетно опремени студија за фалсификување на фотографии.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
По добиената помош партизаните релативно добро биле опремени, но им недостасувале чизми.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Новиот закон му овозможува на работодавачот обврските и работите за безбедност и здравје при работа да ги довери на овластени правни или физички лица ако не е во можност или нема соодветни стручни вработени и техничка опременост таквите работи и обврски самостојно да ги извршува (чл. 6, ЗБЗР).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Нејзиниот сопственик беше присутен на ревијата како почесен гостин кој овозможи штофови и изработка на голем дел од моделите во неговите простории кои беа опремени со најсовремени машини од Кемниц, Германија.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Ноќите ги минуваше во својата канцеларија која, покрај службените елементи (биро, фотелја, маса со шест столови за состаноци), беше опремена со кауч и шкаф за облека, со фрижидер и шпорет во малата ниша од која на левата страна се влегуваше во пристојно уреден тоалет, а од десната страна се излегуваше на тераса свртена на југозапад, кон височините на планината.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
На терасата имаше повеќе скари за станарите од зградата и голема трпезарија комплет опремена, каде што ја јадевме вкусната риба и пиевме вино од регионот.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК