опонент м.

опонент (м.)

Лесната читливост и масовната рецепција на Ќосиќевата лектира ги натера неговите литерарни опоненти да го наречат, не без идеолошка сенка, „социјалистичкиот Јаков Игњатовиќ“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во 1625-та година кралот Џемс I, долго време главен опонент на тутунот, откако ја увиде неговата потенцијална економска важност, ја прифати неговата широка употреба воведувајќи мерки во регуларната трговија со тутун, во корист на британските американски колонии.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Политичката креација за уметникот е дејност оптоварена со компромиси, лажни ветувања, лажно прикажување на фактите, сомнително делување на план на моралот, лажно претставување на себе си, лажно претставување на опонентите, отсуство на себеиспитување, отсуство на испитување на светот, недостаток на философичност, отсуство на метафизичко промислување, сѐ заедно една голема индивидуална и колективна егоцентричност.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)