ополномоштен прид.
ополномоштеник м.

ополномоштен (прид.)

Рече дека бил ополномоштен од амбасадата да постапи по одлуката на судот од Германија... Колата ја возеше Хелвиг.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Кога светата заповед пристигна за пристапување кон работа, се состанаа двајцата кадии, ама при одењето во Булачани, заедно со шеријатскиот ополномоштен застапник на пашата, кадиите одредија и сведоци, старци и спахии што се во близина на овој имот, и тие како чесни луѓе на овој вилает да ги потврдат меѓите.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Како ли им е на душата, си мислам на оние дваесет ополномоштени бирници, од кои секој со по дваесет души на коњи, кои се распрснуваат да го збираат харачот, знаејќи дека во август веќе треба да се вратат кај господарот и да му избројат до пара осумстотини и педесет илјади дукати.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Се сетив на тајното место. Па овде пред неколку месеци на Јасер Арафат, претседателот на еднострано прогласената држава Палестина, му ги предадов акредитивните писма потпишани на 8 јуни 1989 година од тогашниот претседател на Претседателството на СФР Југославија, Словенецот Јанез Дрновшек, како прв вонреден и ополномоштен амбасадор.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Оваа одлука Хитлер самиот му ја соопштил на бугарскиот ополномоштен дипломатски претставник во Берлин, Драганов.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)