опкружи св.

опкружи (св.)

СЛОБОДАТА: (Исчезнува опкружена со светлина)
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Ги запреа коњите разгледувајќи го одблизу манастирот, восхитени од неговата убавина, кој извишен на карпата над езерото и опкружен со зеленило, се чинеше како да лебди над водата во дланки господови; езерото под него поигрува, одблеснува на сонцето и полека ја заплуснува карпата; лево од манастирот под падината на планината, клокотат огромни извори и исфрлаат изобилство вода која плавно, широко се разлева правејќи езерце што го обградува пошуменото островце пред да го пресече патот под мостот и да влезе во езерото со бучеж; на дното од мирната вода во езерото се прелеваат разнобојни алги фаќајќи ја светлината од сонцето што низ бистрата вода продира до нив; на островцето столетните дрвја ги раскририле гранките спуштени до самата вода во која фрлаат зелени отсјаји; по водата пливаат патки и лебеди, кои вознемирени од тропотот на коњите, се оддалечуваат повнатре во езерото оставајќи долги, меки бразди зад себе; на ледината крај изворите пладнуваат купчиња овци како бели, отворени цветови.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Татко му, народниот херој, во својата работна соба, опкружен со томови од сопствените мемоари, дава интервју за вечерашниот дневник.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Калето и натаму беше опкружено, но немаше движење на воени единици.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Куќата имаше долга авлија која водеше кон широка бавча, опкружена со ѕидовите од соседните куќи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Каталогот од на тој начин расфрланите умножени случаи внатре во книгите со кои останува опкружен задушениот леш прераснува во еден вид на надреалистичка, либрофагиска закана.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Така, опкружен со млади девојки во хрватски носии, на јавната приредба за денот на хрватската независност хрватскиот претседател изведува пантомима, патетично ставајќи дукат во празната селска лулка (симбол за новородената држава).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Вон тие ѕидови, на чистинката опкружена со шумичка, на камениот пиедестал истрошен од времето една фаунска прилика се клешти меѓу зеленилото. Тоа е голиот Пријап.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Докторовата ординација се наоѓаше во Скарсдејл, во неговата куќа во кафено-бел лажен тјудор стил и опкружена со дабови стари колку крајслерот на мојот дедо.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сѐ што Татко насетуваше во своите свети книги опкружен со марксистичките и со своите потраги во судбината на својот народ по падот на империите, посебно последните три (Римската, Византиската и Отоманската), и сега во загработ на сталинистичко-комунистичката империја, сѐ што можеше да предвиди, јас како да го откривав во музеите, во театарските претстави, во страдањето на вековно спротивставуваниот менталитет.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Хероинот почна да делува. Се чувствувавме како да сме опкружени со длабок мир.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Беше врзан за еден стол опкружен со бројници, под заслепувачка светлина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Оти веднаш тука до нивниот вагон, Чана меѓу првите се најде долу, а веднаш потоа, дури и пред да стане свесна за кого се работи, беше опкружена од мажи и жени.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Бегот првпат го видов не кога отидов таму, зашто тогаш ме зедоа постарите прислужници и ме однесоа во помошните згради зад сарајот, туку подоцна еден ден кога јас се најдов близу до предниот двор на жолтата голема зграда со долги правоаголни прозорци и оттаму можев да го видам како се качува на еден дораст коњ, опкружен со слуги кои, кога коњот се препна под шибањето на мамузата, се тргнаа скраја.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Михаил Ренџов го поминал векот во библиотека, опкружен со книги.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
А и Балканот, може да се рече дека, како голем полуостров, беше една голема граница помеѓу Европа и Азија, од сите страни опкружен со мориња, а од север, затворен.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И камо да можеше наместо темнината на шумата пред себе да ги види градските светла, да сети дека е опкружен со други човечки суштества како него, наместо со блиски и далечни, секогаш невидливи ѕверки.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Просторот бил опкружен со високи вити палми.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Сега тој се приближи до сандакот што беше опкружен со десетици венци, прибрмчи и за момент престана.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Опкружен си со бамји ко пиперки, целер ко диња, црн патлиџан ко тиква, малини ко јагоди, јагоди три у кило, лук ко цитрон, цитрон кило и пол...
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Повеќе