опинок м.

опинок (м.)

Брго-брго мајката го клала ѓумчето со ракија до огнот да се стопли, а Неда го донесла големиот стол, та го клала да седи Силјана; му ги собула опинците и му ги измила нозете и го променила со велигденската руба.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
По нив влегува слугата и остава пушка, револвер, реденици, облека и опинци до миндерот).
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
АРСО: Тоа така се вели зборот само, инаку чорбаџиите ги јадат пилињата и прасињата, а сиромасите — опинците.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Да го жениме, да му ја јадеме свадбата, а тој нас опинциве! (Пие неколку пати едноподруго и го фрла пагурчето). (Општо смеење и радост).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
АНЃЕЛЕ: Па... не беше гол — имаше опинци, објала, гунче...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Дали во голи рамења, дали во пусти опинци, или во стапот овчарски?
„Робии“ од Венко Марковски (1942)
Колку си вреден ќе работиш, ќе јадиш лебот, ќе кинжи опинците.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Зеле ферманот царцки и сосем опинци ќе јадат сиромаштијата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Како нов момок, уште неопитен во работата, ќе ти платиме отсега — Крстовден до Гурѓовден четири лири пари, рана и опинци, бидејќи има повеќе од половина година.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се помачи додека излезе на патчето, за што сувите износени опинци ѝ се лизгаа по чипецот, но потоа бргу се изгуби зад ридот.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Првиот копа со врвот на опинокот по тврдата земја. Дете е скоро.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Долго го врзуваше опинокот; најпосле ја зеде пушката и не гледајќи во тој, во чии зеници ќе сретнеше страв и омраза, му ја стисна раката на воденичарот. - Прости.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И совладувајќи го липањето шепоти, божем е над детска лулка, како Борис ѝ заприлегал на нејзиниот Кара-Димитрија, кој од турските чалми врвки за опинци правел.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Од прозорците нарипаа пет снажни момчиња во мариовска облека – селани-гологлави, со долги перчиња заплетени на темето, во бели кошули и гаќи, со опинци, вооружени секој со по еден пиштол во левата и јатаган во десната рака.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Некои ги прегледуваа пушките, други ги точеа јатаганите со камени острила, трети ги притегаа ремењето на опинците, четврти ја сместуваа храната во тагаџиците.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Се знае. За вршење треба ортоми, врзми, јамки за коњите, а што е најглавно, покрај солта треба лук, цирони, киселина, некоја лажица, паница, опинци и други работи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
А неговата руса жена, целата набрекната во градите и во рамената, гледаше во стапалките, што ги оставаше ти со твоите оппинци, секој миг готова да ти се врекне, како да си ѝ го утепал татка ѝ.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Додека стоеше крај дирата, загледан во прекрасниот ден за лов, во чијашто мека виделина дрвјата беа огромни, воздушести и бели, и во кој владееше една прекрасна тишина под млечнобелото зрачење на небото, Змејко, и не мислејќи на тоа, си ги исцрни со неколку јагленчиња од кибритот своите подочници, а после, кога очите можеа слободно да гледаат по таа светната белина наоколу, тој мирно ја допушти својата цигара, - една од ретките цигари, што ги палеше само при некој свој празник, - а потем го настега магацинот од својата долга француска пушка со фишеци, ги престегна опинците и замина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Оној секако не стаса уште ни да го види откриениот опинок во снегот, сега веќе сиот закопан во јамата, што ја испрета со сите четири нозе, кога сите други наскокаа врз него во еден налет од сите страни, вплетувајќи се во едно жилаво зачекнато клопче, кое почна да се преметнува, пиштејќи со шесте различни, нападнувачки гладни и бранечки молезливи и исплашени процвичувања, уште потесно прежилувајќи ја впиеноста еден во друг.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А потоа, откако убаво ги истопли опинците од Сандрета, кој за цело време ги врткаше над огништето, се сврте кон старицата и рече: - Донеси чорапи.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Повеќе