опие св.
опиен прид.

опие (св.)

Ти не си жив. Штом мојте очи сонот ќе ги склопи - во сонот ќе ми блеснеш ти сред тишината, во сиот сјај што целата ме опи, ко оние што блесна дни.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Мејанџи море, мејанџи, Донеси вино, ракија, Да пијам да се опијам На бели гради да заспијам Стамено, Стамено, Де гиди, пиле шарено
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Кога ќе се опиеше, се бацуваше со амалите, липаше и се издушуваше некако шушкаво.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
А јас - умирам од болка. Се опивам, како ѕвер пиштам по сокаците.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Смеата е еден пенлив допир по цветојте палаиот залез со шепотот румен што ги опил.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
И знаеше: српестиот месечко се опивал од врбата по смртта на ветрот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тогаш те мразев зашто те немав и се опивав држејќи ја под палто врз седефената дршка десната рака.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Влегов во салонот сиот бесен што дозволив да ме довлечкаат на таа сенилна седенка од ислужени политичари и патриотари, згнасен од нив и цврсто решен да се опијам до бесвест...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ФЕЗЛИЕВ: Ќе се опијам. Чувствувам дека морам да се опијам.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Таму, уште натака Воздухот е расцветан И звуци на запалени бои го опиваат полето...
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
1. КОЈ ПИЕ НА ВЕРЕСИЈА СЕ ОПИВА ДВА ПАТИ - а за трезнење и трето пијанство ќе вети.
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Во откраднатата крбла за млеко гмечел со боси нозе туѓо грозје, се опивал, ревел споулавено.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Навистина почнуваше пролетта. Низ прозорецот без стакло бапна мирис на шума и цвркот, од некоја црква се огласи со сребрен глас старинско ѕвоно, ме опи со чад на темјан, ме растрепети со топлина и со сеќавање на песна што сум ја слушал во свадбарски утра од Богдан Преслапец и Блаже Задгорец.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш, татко ми ме здогледува, како зад грбот на онаа чија податливост ме опиваше крај базенот, вџашено ѕурам во него.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Се држевме за малите прсти додека се опивавме од виното од кристалните чаши, последниот за заеднички подарок на нејзините разведени родители, додека ги разурнуваме, анализиравме и повторно, со итра победничка насмевка, ги градевме нашите вродени и здобиени емотивни комплекси додека гледавме како ѕвездата на новиот филм ја шмукува мекоста на остригата, додека ги одморавме телата, а во очите, низ единствениот прозорец на студиото, неосетно ни заспиваше жолтата градска есен.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Беше надвор и чекаше. Изгледаше како најобичен техничар на одмор, во пластичен шорц и смешна Хавајска кошула врз која беа отпечатени зголемени слики на најдобрите микропроцесори на неговата фирма; благ мал човек, еден од оние што се опива со саке во барови каде продаваат минијатурни оризови кекси со додаток на морска трева.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Чистиот воздух за кратко време успеа да ме опие и ко со волшебна рака да ми го светне омацуреното лице.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Заборави да му се пофали на чичкото дека татко им е мајстор, најмајстор, дека може сѐ да поправи, дури и гласовите на луѓето што зборуваат во кутиите, ама си има човекот некоја болка во мевот или во срцето, така вели, е неа ја лекува понекогаш со ракија, ама не, не, не се опива.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Јас се опив и плачев: велев дека ја сакам, дека не смее тоа да ми го прави (во пијанството се однесував како Луција да ми е венчана жена); потем Земанек, на мелодијата на една стара народна песна (беше жива фонотека за стари народни песни), почна да пее „Учи ме мајко, карај ме, како да земам Луција, Луција курва убава“, и јас му се придружив; бевме сосема пијани и пеевме само едно исто: „Луција курва убава“, „Луција курва убава“, „Луција курва убава“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Пиј и опивај се со веселба, и извикувај: алилуја!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Повеќе