онака прил.

онака (прил.)

Јас ќе и најдам на Антица маж богат и, онака, зрел човек во години, а не што лапа муви како оној копук.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Сак ми je јасно зашто оно девојче изаѓе онако сербез...
„Гладна кокошка просо сонуе“ од Блаже Конески (1945)
Мече се зафати со оваа работа нерадо, со видливо незадоволство што се случи сосема не онака како што му расправаше Беличот во ѕвездната ноќ кога патуваа со железницата.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Димко отиде на занает кај коларот од соседната улица, Аким пак се врати кај својот мајстор во слаткарската работилница, Баждар преседе некое време зад катинар потоа се изгуби од улицата кон онаа страна на Вардар и му стана помошник на еден рибар, за некое време остана кај него на работа да ги печали тврдите залаци на црниот леб, онака како што никогаш не ги печалел.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ристе не можеше да стои на нозе, камоли да оди, а сиот онака отепан требаше да се полекува.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— А, мори златна? Ќе а гушкам шо ќе ми правиш? — и се обрецна тој на месечината и му се стори оти таа ја растегна повеќе, и онака растегнатата, крива уста.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Хе-хе-хе-хе ... онака ситно-ситно како што умеел тој и пак си продолжил да си јаде, а Митре да пукне од смеење.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Мартин, срипа и, онака навреден, му се фрли на Николчета.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ќе ги кротне Мартин воловите и, онака сам, ќе се заигра, а децата ќе го здогледаат и скришум ќе му го отераат едниот вол во орманот, и после кутриот Мартин по цели денови плачејќи го бараше.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И повтори „Свињо“. Но почувствува дека и другиот нешто знае онака бел во лицето како и самиот што беше, како брестот и поднаредникот, во оној ден пред тоа.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сите тројца имаа суви, студени раце а на улица дождот без мака го проби неговото и онака влажно палто.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ване лежи онака како што го остави таа, покриен со старото палто од татко му.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Секој час изгледа дека ќе станат сите од подиумот и отворено, онака дека без ракавици, без завивање, решително и непомирливо, ќе се спротивстават: извинете, ние протестираме, не се согласуваме да свири сам трубачот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но иако и двајцата се сложија со тоа, сепак Павле не го поткошкна баш онака палтото, како што правиме обично со старите алишта за кои мислиме дека не се повеќе за пред свет.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Митко прво силно се изненади и за малку ќе ја испуштеше слушалката, а потоа кога малку се созема почна силно да вика, онака како што правеше мајка му.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
ХРИСТОВ: Не. Тоа - никако. Вие многу добро знаете какво мислење имам јас за Иванов и како се однесувам кон неговите решенија? Нека биде онака како што решил тој.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Дури отпосле, од твојот разговор со Методи, ја разбрав вашата намера: вам ви треба човек што ќе го изврши убиството и ќе ви овозможи вие да останете неоткриени - човек што ќе умре, по извршениот атентат, од вашата рака и што ќе продолжи да ви служи, онака како што ќе посакате!
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Најпосле, обиди се да ги заборавиш овие нешта, онака како што ги забораваш твоите црнила кога си пијан. (На вратата чука Неда.) Молам?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Не ги ни бараше. Барем не онака како што ги бараше пред малку. Но, не можеше ни да се врати.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Летнав по неа онака здивен и јадосан ја вртев силно вртешката.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Повеќе