окупатор м.

окупатор (м.)

Во тоа време, козјачките селани, иако единствени против окупаторот, се двоумеа, не можеа да погодат: на чија страна да бидат - со голобрадите партизани или со кралските војници на Михаиловиќ, кои во името господово и кралско, со секое минување низ Пелинце оставаа зад себе пустош.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Коле Чашуле бил член на комунистичката партизанска група која го кренала македонското востание против бугарскиот фашистички окупатор на 11 октомври 1941 година во неговиот роден град Прилеп.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
За тоа, како овој милионски град бил системно, по принципот на „килим“, до темел уриван од германските окупатори, гледав еден документарен филм во Градскиот историски музеј, во старот дел на градот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На 13 јануари 1948 година, се одржа Првиот конгрес на НОФ, на кој се донесоа решенија македонскиот народ да ги стави на располагање сите свои сили во заедничката борба со грчкиот народ за ослободување на земјата од туѓите окупатори — англоамериканците и нивните домашни органи, за демократија и национална рамноправност, за братство и единство.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во месец јануари, 1942 година, се одржа Осмиот пленум на ЦК на КПГ на кој, меѓу другото, му беше посветено посебно внимание на ,словеногласните Македонци за да не се занесат од омразата на националното потиснување на грчката буржоазија и сегашната демагогија на окупаторите, а посебно на бугарскиот национализам и шовинизам...“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пишуваше драма – еден дел од животот на Сандино – во која американскиот стипендист пука во Американците со пушка на прадедо му, прочуениот ловец на бизони, мајката го губи едното дете, близначе, а другото, престорено во бувче, ноќе ги колве очите на окупаторските војници, убавицата води љубов не само со целото село, туку и со сеништата, вампири, духови на претците – сѐ тоа набиено на шеесетина страници.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Никогаш, дури ни при бомбардирањата на крајезерскиот град за време Втората светска војна, кога татко ми мораше да замине на едно од своите таинствени патувања од кои се враќаше дури кога ќе се утврдеше едниот или другиот окупатор, мајка ми и постарите браќа не го беа виделе позагрижен, повознемирен.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
На плоштадот стигнуваа првите окупаторски маршеви, ослободителите ја објавуваа победата, се одржуваа големите дефилеа на трудбениците, големите митинзи... ***
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во ситуација кога ГШ на НОВ и ПО на Македонија немал целосен увид во она што се случува на оваа територија ГШ донел решение со сите единици да излезе од поширокиот обрач кој го формирал бугарскиот окупатор.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во смисла на оваа директива на 2 септември 1944 година шефот на сојузничките воени мисии при ГШ на НОВ и ПО на Македонија американскиот мајор Дикенсон испратил писмо до бугарскиот командант на Петата бугарска армија во Скопје во која биле набележани условите под кои бугарските окупаторски единици требало да се предат.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Поради таквата неактивност и соработка со окупаторските и квислиншките сили, Велика Британија во почетокот на декември 1943 година дали наредба за повлекување на своите мисии од четничките штабови со што била „повлечена и службената поддршка на Михајловиќ“. 30
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
- Станува збор за борба против окупаторот. За војна. А не за револуционери. И не за некаква револуција – се трудев да дообјаснам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но мора да беше тој, зашто човечето си побара од наречената братучеда да го почести, па мајка му отвори една тегла со зашеќерено слатко и му ја тупна со забришана лажичка и чаша вода, токму онака како што правеше со окупаторските војници што ни упаѓаа дома како неканети гости и без збор благодарност или насмевка ќе ѝ ја вратеа теглата откако ќе ја испразнеа до дното, не задржувајќи ја ни за спомен.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
А дрварот кој одмара под замолчаната воденица напуштена од водите и зборливите птици ме почести со две-три голтки од пагурчето и со приказна од Четириесетчетвртата, кога окупаторот, по борбите на Осогово, ги растовари во дворот на Кочанска црква дванаесетте мртви, од своите...
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Беше поставен помеѓу налозите на окупаторските сили и сѐ поголемите потреби на населението.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во истиот период и во источна Македонија се воделе жестоки борби против бугарскиот окупатор.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Беше една од легендарните личности во која имаа доверба и Исток и Запад, и окупираните, и окупаторите. Беше човекот-надеж...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тиквешкото востание претставувало прва вооружена борба на македонскиот народ против поделбата на Македонија и против српската окупаторска власт.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Ги бранел наводно сиромашните семејства, пред окупаторските италијански власти, сочувствувајќи со нивната судбина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На 138 комунисти, членови на СКОЈ и симпатизери, на судските процеси во Скопје, Охрид, Битола и Куманово им биле изречени 38 смртни пресуди со што бугарскиот окупатор ја започнал пресметката со антифашистите и комунистите.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Повеќе