октопод м.

октопод (м.)

Во нашата лабораторија моментално дреме еден малецок Хулк, сѐ уште во шишенце, го вкрстуваме со чудесновишниот мочуришен октопод- капиталец што испушта (ко одбрана) огромни количества на отровно мастило.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Младоста е оној недофатлив пладневен лет на бумбарот кој брмчеше низ твоите платна од жолтиот период, крај крушите паѓалки, над жолтите октоподи.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Големиот Вок со едно око е најголемиот октопод.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Реалните топоними, од расказ во расказ, ја исцртуваат топографската карта на Скопје, градот- лавиринт, непознат и никогаш до крај „видлив“, дури ни за самиот автор, кој, патем речено, поседува извонреден сенс, слух за нервот на градскиот живот и вриеж: „Како што му растеше стажот на таксист, така му се откриваше и Скопје, како октопод, несогласен со своите краци, некаде осветлени, некаде завлечени во темни пукнатини, невидливи за самото животно“(„Влијанието на Хорацио Цвикало врз растот на шарените анти-упатства, III“).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ѓорѓија помисли дека личи на октопод и изгуби апетит.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Среќен октопод Рачна носталгија Еден пријател има чуден обичај на жените да им бакнува рака. Секогаш ме трогнувал овој гест.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)