округ м.

округ (м.)

Како што во една држава има државен центар, којшто најдобро е да се наоѓа во средината на државата и кон којшто се собираат сите конци од државниот живот, исто така и во јазиковните или областите од сродни наречја треба да има еден центар, којшто по неговото значење треба да се однесува кон периферните наречја и говори така како што се однесува центарот и престолнината на државата кон крајните окрузи и околии.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
— А тоа значеше задушување на востанието во неговата прва фаза, во самиот почеток.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тргнав да го обиколувам Костурскиот округ.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
12. Во организационото тело на КОЕМ што требаше да работи на формирање партиски организации по окрузи, бевме избрани: Апостол Макаровски, Оливера Поточка и јас, а за секретар се прифати Михајло Горачинов.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Највисоките раководители на Битолскиот револуционерен округ биле собрани во село Смилево на конгрес кога низ Македонија се проширила веста за Солунските атентати.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Сарафов, во врска со тоа, констатира: „По атентатот... Солун веќе се губеше како центар и затоа оставаше секој округ да се грижи за себеси.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
„Сите проблеми на округот не можело да се разрешат ако не се очешале од него“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А потоа кој знае зошто, налутено додаде „Како да сум оној багрем покрај шардаванот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На 17 декември 1912 во Тиквешкиот округ со Указ била воспоставена српска полициска власт што почнала да функционира од 1 јануари 1913. Причини за востанието биле воспоставување на српската власт, отворањето на српски училишта и цркви, биле формирани нови општински управи, а кадар се доведувал од Србија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Најмасовно и со најголема жестина било во битолскиот револуционерен округ.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Потоа зборуваа официјалните личности, меѓу кои претседателот на Кожанскиот округ, началникот на полицијата и други кои изразија надеж дека примерот на жителите на Каридја ќе го следат сите Грци од пограничната зона“.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)