околина ж.

околина (ж.)

Но затоа Светосавското друштво за таа половина година направи доста шум: во неа, освен науките, имаше и воена гимнастика и маршеви на учениците со музика по Белград и неговата околина и патување во летото по Србија, каде што се произнесуваа громки здравици.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Јас би го исползувал дождот за да се запознаам подобро со околината.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Прашав само затоа што се плашев со моето непознавање на околината да не предизвикам некои непотребни тешкотии.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Меѓу граѓаните и во околината се шири глас: работлив, дрзок, лукав и деловен човек на пазарот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И сè изгледаше задремано, неподвижно, божем целата околина, целата природа се вовлекле во мирување, во бел сон.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Денко ги разгледа камењата, ја разгледа околината, вртејќи ја главата и шепотејќи си: „Возможно е... возможно е...“
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Околината одблесна под месечевата светлина во која облиците се појавија голи, изменети, но уште по не одредени.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Зборовите на дедо Димо, кој планината, својата колиба, нејзината најблиска околина ги познаваше како својата дланка, ги успокои.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
„Мајката! И во ваа пустелиа имало црква!“ — и ако не беше се скарал со господ заради Миша, сакаше да крене рака, да се прекрсти; разгледа по околината да ја види црквата, но се излага.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Нашата околина, нашата земја, грда или убава, го покажува пред светот нашето лице.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Сигурно од домскиот звук се будеше и целата околина, целата околина, се тргаше од својот сон.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Целата околина.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Речиси и околината од нив е црна.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мајка ти и тетка ти береа шумски јагоди крај реката, што во јули ги има во огромен број, а јас ја разгледував околината.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Запреа и кај фреската на ангелот за која игуменот им раскажа како зографот Трпо, пред да почне да го црта, долго време барал по околината модел што ќе му послужи за ангел.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Со десната рака, иако можело да се поверува дека предава рапорт за состојбата на стивнатата околина, го придржувал фесот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Уште пред да изгрее сонцето, со прв писок на некоја птица и со ослободување на зеленилото од темна сивотија, последните стражари, Јордан Шоп и Куно Бунгур, се спуштиле бледи и со набабрени очи од блага височина од која можело да се надгледува околината и ги разбудиле луѓето да побрзаат да се измијат доколку најдат поток и да ги спрегнат говедата што по она малку сено, проџвакано во тие први дни од враќањето, стоеле на своите места со покорно обесени глави.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој во десната рака држи запалена цигара од која се креваат думани кои толку ја загрозуваат околината што сѐ живо веќе кашла, венее и умира.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Летово со Консуело, кој е од околината на Макондо, на патување од Албанија минавме во Македонија преку границата близу Охридското Езеро кое е старо три милиони години и е многу длабоко.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Секој од тие камења е сместен на единствен начин; секој камен ја зазема својата позиција во однос на камењата од сите негови страни, а тој со својата позиција го овозможува посебното уредување на камењата во неговата околина.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК