оков м.
окове св.

оков (м.)

Другиот прифатува: - И кажи му на кметот од нашето село да не се грижи за нас оти знаеме ни пцуел мајка партизанска и потскажувал па Тодора и Јована ги тепале ги ставиле во окови а со нив и мојот старец прашај ги твоите војничиња мајмунчиња како ги дочекавме на Момино Брдо и како бегаа од нас...
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Оној тогаш уби мирно, без возбуда, со окови на мртвите крилја, влезе во црниот затворен автомобил.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се трупаше снегот цели четири месеци, од декември до март; кога влезе април, ги ослободи куќите од снежните окови.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И наеднаш во глувата тишина на денот врз дворот почнува да јачи громот ослободен од летните окови на жегата.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
И сега талкам по патиштата на веков кон незбиднатите дни а чувствувам од оковот на зборот се ослободува градината оставена бали од облаци врз плешките ми тежат под нив се движи градината и цути и се плоди прецутува и гние и постојано расте под грлово туркајќи го да излета надвор зборот на верноста болот на разделбата Како сенка што се менува а не гине ни в ноќта.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Ги стресов оковите на студот од себе подивен и тежок, и навистина, со олово во себе, успеав да потрчнам.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И сето тоа, жив оков во оков, се стеснувало и се ближело без доаѓам, немо; најпрвин ќе удреле едни и тој ќе станел несуштествување а тие слеаност во точка, и другите да доаѓаат и да стануваат дел на точката, сите - скорчавите костури, призраците со кациги и штитови и костурите со чекани.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го обземало несовладливо трепетење, го присилувало со болка да го надраснува оној златен и зелен жабурник, она море со мртви води, поинакви од оние што ги гледал кога по казна го воделе во солунската кула и кога го враќале од тој гроб од чии окови не се спасувал ни еден на десет.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се ископав од глекавост и, влечејќи се мечешки на дланки и на коленици, залазив кон тој ѕид со надеж дека уште еднаш ќе го видам Круме Арсов и ќе се уверам дека пред тоа сум го сонувал оковов од пламен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Беше студен, студен, студен и тој студ сѐ повеќе ги потиснуваше бескрајните лета, со нивните зелени факели и бронзени сонца што го ослободуваа, топејќи го зимскиот оков.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Господ сакал Богдан да се јави како спасител, да ѝ ја ослободи душата од оковите и да ѝ го исполни срцето со радост и љубов.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Секој од нас денес горд е сокол, не сме веќе во вулкански оков иднината ни е мир и спокој.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Нашата партија конечно триумфираше на патот на ослободувањето на нашиот човек од оковите на верата, вековните предрасуди...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Повремено, кога некој од камионите ќе потскокнеше на патот, се слушаше тропање на метал: сите заробеници имаа окови на нозете.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Го проголтав последниот залак ќе ги откорнам оградите, на дијалектичко кодирање светот меѓу постоечкото и подвижното Во рушевините на новоградбата, чекорот остана зад мене Лутам по брегот од поларна капа Сахара со синџир песочен оков закотви околу мене Судниот ден небото ми го испрати, Се засолнав под стреите на реторички фигури
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Плач, јад, и солзи во неповрат препратете, пролетта во виор претворете ја, за малку живот оковите скршете ги на депресијата која младоста во вас ја убива.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Немаше правила. Заробените мисли се ослободуваа од оковите, летаа некаде кон бескрајот, итаа да ја соопштат веста за победата на љубовта.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Држење на пролите во континуиран страв од војна и набљудување од Големиот брат, вовлекување подмолно на систем на фашизам од задна врата, оков на нашиот врат.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК