окове св.

окове (св.)

Се плашеа и не смееја да го сторат тоа, да ме мачат окован: шлаканици со панцирни ракавици, рефлектори в очи, шпенадли под нокти.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сам. Зошто? А жандармот со очила, оној што веќе окова еден крвав нож, нема ли да оди зад него?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се меневме. Неделните излети ги заборавивме, а ти не гледаше дека градот ме оковува во прав и чемер. И здодевност.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Окованите патем се плашеа и се радуваа. Одеа колку што им дозволуваа тешките пранги и си мрмореа тивко меѓу себе: – Сега ќе биде што ќе биде – ѝ велеше Јован на Сирма. – Ако те ослободи тебе султанот како жена, за мене да не жалиш.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Попот и Трајко беа оковани со пранги од по дваесет оки и врзани со синџири за гуши, со белегзии на рацете, потоа двајцата еден за друг и така ѕевгарички идеа водени напред од четворица сејмени, а назад следени од осум.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Оковани во прангите, со белегзиите на рацете и синџирите на гушите, ги помина неколку јаничари низ Стамбол но тука не предизвикаа некое големо љубопитство кај луѓето низ чаршијата, бидејќи вакви појави во Стамбол не беа реткост како во малите гратчиња во провинциите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И него Турци го фатиле, со тешки синџири го оковале, за бука го врзале и додека тие на пет-шест чекори од него вртеле овен на ражен, тој умирал во најтешки маки.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Некој Мусо, ковач, Циганин, да му ги окове и рацете и нозете во железо, и пеш ли, на коњ ли, како било не ми текнува во - Скопје.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сенката ми ја затворија ја врзаа оковаа за вечни времиња што не знаат ни сонот како расте ни денот како вјаса.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Тогај Бог ги крена рацете од монахот Ефтимија и го проколна да биде поет и да биде окован само во немаштија и ружи.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Ќе има Окован Од смрт И Рима. јас Озрачен (Од дална ѕвезда) Медоточен И Порочен. поет Поет: Каков Жален Ек Всегде И нине И присно И Во Век. песната Штедра светлина Лудо пулсирање Песната?
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Ти конечно ме бакна, и како и овие дождови и секавици, како и овие ветришта, ме окова за себеси, и тоа што веќе меѓу нас се случи сега и Бог - господ не може да го спречи.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
А Окован настојувам да се движам Не знам зошто утрово одново ме опседнува прашањето за Орфеј и Исус во современата македонска поезија.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Патувањето било мошне тешко. За сето време осудениците биле оковани (врзани со синџири за нозе и врат) и речиси неподвижни.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Се слушнало ѕвечкање и тропот на железо. Оковувале затвореници.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Се реши да продолжи со рамнодушноста и речиси потамина: „Па ние сме сите оковано ставени во служба на загадувањето на човечката околина“, со изразита рамнодушност рече Едо Бранов и продолжи: „Без исклучок.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И уште ви велам: блажени се оние што се освестиле, оти најголеми пранги се прангите на стравот и на малодушието во кои самите сте се оковале, а најголемо ропство за човека е слабоста на неговата волја“.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сѐ се случува така како што упатуваат древните книги Патеката е со покривка од најлесен пердув Од истата воздушеста материја од која била скроена Некогаш првата облека на Ева Избегав овде за да го заборавам оној друг свет Со брдо кренато за да се измачува Сизиф Со столб издигнат за да го оковат Прометеј Со оној обезглавен труп од Пеколот на Данте Што ја држи за коса сопствената глава И ја носи покрај себе место фенер.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Беше окован во своите илузии.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Окован со мисли беднику со нокти зениците ми ги откопа... Умрете, за да живеете во вечниот дом на непреболот- немирна душа тихо шепоти...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК