одѕива несв.

одѕива (несв.)

- Устата да ти се позлати, сестро, - кажи, стопи ми ја грутката во градиве... - се одѕва молежливо мајката и ја стави на градите раката украсена со скапоцени прстени.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Мамо! - тивко извика. Никој не му се одѕва.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Но и после, и кога беше совладан од тешкиот сон, таа црвојадина продолжуваше да го глода и да ги населува неговите соништа, терајќи го и таму, и во соништата, да продолжува да се ежи и да се преметнува, да стенка и со некакво чудно завивање да им се одѕива на сите оние расплакани и закискани од ветерот лелеци на дивината надвор.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дури не почнаа да му се одѕиваат однекаде од многу далеку, отстапени.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Лете Ристос си игра со дечињата во дворот Полни ведро од бунарот Ги полева како цвеќенца другарчињата Навечер собира светулки со нив И се тркала низ покосената ливада А кога ќе заспие во тревата Кога ќе порасне во сонот Кога ќе заприлега на момче Од ридовите на летната ноќ Ќе се покаже Дева Марија За да си го прибере Исуса И го засолни Во ѕвездената постела на светото писмо Ние така заспани во трева И не ја видовме белата шамија во која беа завиткани клинци И не чувме како одѕива во ноќта Некој дури ни го ковеше крстот.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Тогаш се чу едно засркнато кашлање: кав, кав, ќув, кив, уф, црквата се одѕива, се тресе. Се затресе и народот. Се залелеа небаре закланцана вода.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Меѓу ветките се извира Дуко Вендија и вика: - О, Велико! - Ој, се одѕивам. - Кај си, мори? - Еве сум, море.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Легни, Витомире, му се одѕивам, легни! Витомир само трча, не ме слуша.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На други им додаде А и долго им аеше навечер, па тие се будеа жолти а со оење листенцата почнуваа да се одѕиваат на неговиот глас.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Кога се стемни, дождот запре, но пукотите продолжија: одѕиваа тапо како удирање во бутин.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Подредувањето на „Две тишини“ во пет вокалски раздели е атак врз „зададената“ хетерогеност на оваа „Париска тетратка“ пишувана во март и април годинава во период кога на болеста која пустоши низ телото на поетот, ѝ се одѕива единствено песната која пустоши низ душата на поетот, собирајќи данок од премолченото, потиснуваното, недоизреченото, скриеното...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Како во сон друг што му го кажувал, на доктор Миха му поминаа наредните денови и ноќи, споени во некоја колку сивина толку темнина, во која сè се препознава по научен навик а не со непосреден допир - од моментот кога го препозна синот во мртовечката картотека на Судската медицина, преку поворката низ гробиштата во која место тој да ја придржува жена си таа го придржуваше него заедно со ќерката, до тупотот на првата грутка земја што удри по сандакот на син му во гробот и оттогаш не престана да му одѕива во испразнетите гради, како грмеж од небото кој пред да одмине со облаците спалил една кревка тревка што ќе запусти цела душа.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Никој не се одѕива. А нема ни светлина во куќата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Далеку се распростира како копнежна сладост во мрачниот предел. „Свири, Петре-е-ј“, му се одѕива некој.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Но сепак уметникот како да чувствува дека нешто му се одѕива од овој цртеж на неговиот сожалителен усмев.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ѕидовите празно одѕиваат додека ги разместуваш.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Стрвоста и поривите ќе ни ги припитомат и превоспитаат: на туѓи имиња ќе се одѕиваме како на свои.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Само ударите по стеблата одѕиваа низ планината. ...
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
За разлика од јагнето, чија крв во темелите требаше да донесе мир под покривот на Блиската роднина и Минувачот во 5 до 12, овие божици на плодноста се одѕиваа на обредниот повик и редовно доаѓаа во диското, но прилично ретко се пораѓаа.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Над нивните отвори ѕунеа човечките гласови, ечеа, се одѕиваа, како пчели над саќе.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)