одред (прил.)

Ако селското население и сега си зборува како што си зборувало и понапред и зборува одред низ цела Македонија само на еден словенски јазик, – во градовите, редум со бугарските машки и женски гимназии и основни училишта; насекаде ќе најдеме и српски.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Од турско гледиште и не е право Македонците сите одред да се викаат „Срб-ѓаури”, зашто тие им се предадоа на Турците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Одредот се повлече, а од нашата отстапница го ранија десетарот. Дум-дум изгледа, левото колено му е распарчено.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Данче, ајде мојата... Ѝ се обрнуваат сите одред интимно, фамилијарно.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во овој период на воен план од мали партизански одреди се формирала македонска војска48 која со успех, за сите четири години на војната му се спротивставувала на германскиот, бугарскиот и италијанскиот окупатор.49
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Султановите војници како прво и главно одличје ја имаа лажицата, а и воените единици биле организирани како вид кујни, вишите офицери, биле именувани за чорбаџии, а секој одред располагал со свој казан.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)