одредиште ср.

одредиште (ср.)

Во последниот став на обредот играта е загубена ако Ана (ако Маргарита) ја фати врската Лињ д’Со или ако веднаш излезе на улица; веднаш, еве сега, бидејќи на таа станица и ги нема бескрајните ходници на коишто обично налетувам, туку скалите брзо водат кон целта, кон одредиштето како што велат во средствата на јавниот превоз, а на некои јазици - и кон судбината.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тука сме веќе на тлото на најтемната и најзаобиколна топологија, заталкани поради неизвесноста на одредиштето: ми се причини прикладно тоа да го наречам заблуденост (destinerrance) или притајување (clandestination).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Рајот е одредиште. Хаосот, комплексноста, промената, се демонизирани, табуизирани.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Командантот му се обрати на својот курир: - Оди доведи два коња и нека дојдат уште двајца кои генералот ќе го пратат до... - сакаше да каже до границата, ама брзо се сети и доврши: - до одредиштето...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ние веќе сме на нашето одредиште. Следи ја ситуацијата и јавувај. Толку.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Климент Камилски, загледан од чардакот кон тврдината, слушајќи го шумот на реката, ја замислуваше како последно одредиште на старите значења на старите османски зборови, неговата мисла се поврзуваше со тврдината, како траен симбол на сѐ што ги разделува луѓето, религијата, нацијата, државата, предрасудите, под лозунгот на обединувањето.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На одредиштето стигнаа во мугрите. - Запалете оган! - паѓа команда.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)