одошто сврз.

одошто (сврз.)

– „Тукуречи повеќе го пукам, стрико, му рекол Силјан, одошто го ризам.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Пред сѐ, во Германија не победи револуцијата, туку, особено во рамките на пруското кралство со апсолутистичкиот монарх на чело – феудалната класа сѐ уште имаше значително привилегирана положба, а младата германска граѓанска класа си беше извојувала далеку помалку одошто онаа во Франција.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Му беше добро, но денеска се случи нешто што му го разруши мирот и го застави да го стори она одошто најмногу се плашеше: да побегне.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Мече за сето време стоеше настрана, гледајќи го со затаен здив сето ова, одошто на душата му стануваше светло и радосно.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
И кога Бино пушти глас по село дека ќе ги учи децата без пари, многумина се прашаа одошто ќе живее тој човек.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А нивите беа истите и требаше да се работат за да раѓаат уште повеќе пченица одошто во турско време, оти тогаш таа беше 55—60 гроша, половина лира килото, а сега стана осум па и десет лири, шеснаееет дваесет пати поскапа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Подобро нека ти го гледаат срамот одошто да крадеш, зашто во куќа каде се краде, - напредок нема!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И секој во себе мислеше како сега поскоро би прснал да бега одошто да го стори ова што им рече дедо Геро.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Само, - му рече Најдо, - гледај за прошката да не платиш повеќе одошто треба.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Се сеќаваше дека во сите педесетина куќи имаше повеќе луѓе одошто кози.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Поинтересно е да си седиш дома и да си читаш стрипови, одошто да излегуваш надвор, да ја влечеш торбата по фурните и да бараш мек леб.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Павле скоро повеќе го сетува одошто го чул. Му станува јасно.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Итриот Ерменец има причини да биде спрема него повеќе од учтив одошто е потребно.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ни Коте ни Методија ништо не сфаќаа. Повеќе од вчудоневиденост одошто од почит ги пуштија братучедите меѓу нив прави да излезат, се погледнаа и кога Коте се пресегна по клучот од надворешната врата, Методија излезе пред него.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Вистина, Бојан никогаш порано не се нашол во ваква положба, за да знае како мајка му ќе се постави, како ќе го преживува тоа, но сепак беше убеден дека таа цврсто верува во него, верува дури и повеќе одошто е потребно и смета дека нејзиното момче е цврсто, смело, решително и умно, па може насекаде и во секоја прилика да се снајде и да се постави како што треба, знае да ги совлада сите тешкотии.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Миладин одеднаш почна нервозно повеќе да кине одошто да сече.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Кога случајно дрвото би се покажало помеко одошто очекуваше, Бојан би се чувствувал изигран.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Единствено во нозете беше покрив одошто макар кога порано.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Леле! - се фати за глава Бојан. - Па само во твоето училиште има повеќе учители одошто ученици во моето училиште.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
13. ПОАРНО ЧОВЕК ДА ПРОСИ, ОДОШТО ДА КРАДЕ - и просеше тој и крадеше, но арно му не е, кога наутро сонцето на небото ќе се здаде гледајќи го жалосен и жално му се смее...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Повеќе