однесе св.

однесе (св.)

Нам водачи тие ни беа; без бог да ги штити смртта ги однесе ледна.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Утрото станале и го зел Силјана Аџи кљак-кљак, та го прошетал низ неговото гратче и го однесол кај двата извора, што се правеа штркови и човеци.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Се смрачило и си го зеле мажот и жената Силјана, та си го однесле дома.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ами лели едно ме видоа и на име ми рекоа и ме однесоа дома, та ме нагостија и многу ме честија.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Меѓу првите треба да се однесат: 1/ Македонците со своето обединување за преследување на интересите на својата татковина станаа важен фактор што навидум влезе во сојуз со бугарскиот народ и со сите негови официјални претставници за достигнување навидумни општобугарски интереси во Македонија, а всушност со тоа го направи бугарскиот народ и неговите официјални претставници и установи орудија за свои сопствени чисто македонски цели и интереси; 2/ Македонците од сојузници со Бугарите во решавањето на македонското прашање станаа господари на тој сојуз, во кој Бугарите фатија услужливо, а понекогаш и со горчина во душата да ги исполнуваат барањата на Македонците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Јас мислам оти ништо друго не ни останува да направиме, освен да се однесеме со полна доверба кон реформаторските усилија на двете заинтересирани сили и со тоа да ги ангажираме час поскоро да се воведат обеќаните реформи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Централното или велешко-прилепското македонско наречје никојпат не може да биде по своите особини однесено кон српскиот јазик, зашто меѓу него и централното српско-хрватско наречје или сегашниот српско-хрватски јазик има исто таква разлика како и меѓу чешкиот и полскиот јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Нека ги ѓаволот однесе! Веќе не мислам на нив…
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Не најдов муштерија, та видов не видов, ја однесов маста кај трговецот што му имам за давање.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Свети Никола златен, што ги ведриш и облачиш морињата, варди ни го и чувај ни го Анѓелета од секакво лошо; однеси ни го здрав и жив на местото.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
А вас сите како трупови ќе ве креваат жените и в кола ќе ве однесат дома.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
МИТРЕ: Слушај, синко, штом ќе појдеш во Америка, во вилаетот што ќе те однесе компанијата, веднаш пиши му едно писмо на кумот Донета и кажи му сѐ кој си и што си.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Тој што ни, Вело, однесе сичко — тој ни остави од темно темен веков за мака - но и за борба.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
А ако ја однесев право дома, тогаш што ќе правеше?
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Однесете ги на другарите.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Патријаршка, број триесет и девет, крај Вардар. Ќе ѝ го однесеш ли? Се согласив.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Му ги покажав празните дланки да го разуверам, но Генералстап му се доближи, како перце го дигна од земја и го однесе в соба.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Треба в болница да го однесат. А сега, со зејтин мачкајте го.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Бино се однесе кон ова писмо како Јован кон неговото кога му го однесе Коле Куков на Сињак, та и тој ги повтори тогашните Јованови зборови кога го прочита: „Ќе му кажиме, кога ќе го видиме“, го искина и продолжи со потерата да го брка Јована.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Бре, бре на Диздара, Петрета, Арсовци, Долзите им однесол Фаик од срезот позив. И тоа кај Јачмениќ ги викаат. А зошто?
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК