одмота св.

одмота (св.)

Одненадеж ова возбудено клопче се одмота, се затегна и се заплетка во несфатливо буричкање.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Гледате: конец по конец се одмотува од златното клопче на денот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Првин, имајќи го постојано на ум едниот, почетниот, крај, убиството на стрика Анѓела Јанчески, се обидува да го намота клопчето на мислите за потоа да почне да го одмотува сталожено и лека полека сѐ до основната, сѐ до часов сегашен, во кој тој се обидува да го нацрта планот на населбата во Потковицата, - цртежот оставен на масата на средината на одајата тоа означува, план на населбата во Потковицата, заедно со црквата, со општината и со училиштето, кои треба допрва да бидат изградени - потоа, не станувајќи од столот, гледа низ едниот па низ другиот прозорец.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Под сребрениот капак со изгравиран жерав времето се одмотувало кон својот бескрај оставајќи ја зад себе смртта на своите стопани.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ги дупнаа коњите, ѕвечат прапорците, се одмотува тајгата, ми светкаат дрвјата со снежни капчиња.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
За тоа време мајка ми испуши три цигари една по друга, а Бреза ја отвори машината за шиење на баба ми и, среќна што никој не ја забележува, ги одмотуваше разнобојните макари и ги влечеше низ собата како да ѝ се врзани кученцата.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Појасот со повеќебојни риги му се одмотал од половината и се влечел по него, го чинел бавен, грмушките и камењата му ја кинеле линијата на движењето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Цртав црвени кули кои се одмотуваа сѐ додека не создадат прозорец кој личеше на трендафил или мандала со рабови од радиум.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Но имаше уште, оти кога клопчето на тајните се одмотува, подолго изгледа одошто кога оној што крие тајна го замотува: на следното ливче, о бедни и благоутробни, го најдов родословието мое, тајната на светиот крст на грбот што го носев!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сега почна да ми се одмотува клопчето на паметењето.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Така го одмотуваме клопчето на нашата судбина од младини до старини.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Клопчето од волна одмотано, нитките одвоени, разделени, подготвени за ново заплетување, ново плетиво, миленцето „Изгубен пат“ прооде, скршна во ново сокаче.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Дојди, седни и дај го тоа клопче што го имаш втиснато во пазувите, заедно да го одмотаме; не го криј - дај ми го.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)