одмили св.

одмили (св.)

Белки оваа никаквица не те свиткала дотаму што да ти одмилел, овде веднаш, животот? Напред.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
— Море оти, Толе, оти сине, да не си идиш, оти да не нѐ гледаш. Толку ли ти одмилеме, сине на мајка!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Висар поголтна, се замисли и му се одмили веќе да лови риба; сето време додека се враќаа дома, молчеше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Зар им одмилеа комарците, си велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога ми одмиле животот, таа ме прибра под своето крило!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)