одзема (несв.)

Прими го писмово мое со татковска наклоност и проштавај што се осудува слугата твој да ти го нарушува мирот и да ти го одзема скапото време.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Му се одзема дозволата за живеење в град и сета имовина што ја има и се протерува в поле.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Секое влегување во оваа соба ѝ одзема по малку од снагата, ја враќа таму од каде вее тага, болка, згасната смеа, недоживеана радост, одмината среќа...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
„Ги казнувате дрските?“ И додава: „Потребно е да свикнете со можноста робот да си го побара она што сте му го одзеле. Тоа го велите дрзост?“
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Овој збор е туѓ, тој е име на некаков лукав и силен соперник што ѝ го одзема милиот човек.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Знаеше дека луѓето го носат кон селото, одземајќи го од дивината и враќајќи го дома.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Првин го виде над себе она старче на кое ветерот му ја одзема шапката, потоа работниците што чекаа крај расипаниот автобус и она девојченце што имаше излитено џемперче.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Во селото ретко слегува, замо по најважна работа, и бргу се враќа горе, зашто долу, меѓу куќите и луѓето, се чувствува малечок, ситен несигурен; навикнат сето ова да го гледа одозгора, во помали димензии, одовде му се гледа огромно, го плаши, чувствува дека го стопува во себе, му ја одзема онаа слобода што ја има горе.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Како и оној ден кога бевме кај тетка Рајна ми се чинеше дека таа, Вера, неосетно ми го одзема татко ми, а јас не можам да ја спречам во тоа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Може светецот ги запираше куршумите, ги изгаснуваше, им ја одземаше силата за потаму.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ми се одзема. Нешто ме пресекува под колената.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А навечер ќе чекам да излезе месечината и ќе се потпирам на пенџерето: ќе собирам, ќе одземам. Чкртај, приѕирај...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Потковицата и тогаш беше запоседната од фашистички војници и полицајци, божем пак беа дојдени за да прават маневри а всушност ги правеа поранешните работи - ги гонеа партизаните и ги одземаа вилната и млекото.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тој сакаше да го прегрне човечецот со долги и немирни прсти(овој пак се обидуваше да не дојде под обрачот на големите раце) и раскажуваше за природата и за гасениците најмногу за некој Чарли Краков, или за призрак на опачината на неговата потсвест, на нешто што е натсвест и живее вон од него, вон од неговата матна мисла, нешто на што зборовите и му го градат и му го одземаат обликот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
— Го познавам детето, вели жената, ние, на секое ваше барање, го носевме во Букурешт, но секогаш доаѓаше претставник на грчката партија и детето ни го одземаше.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Оливера Поточка пред сите кажува дека е трудна и дека не сака овде да го роди, а на Филип Хаџиевски одново му се одзема умот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Светлоста на огнот и ги одзема на темницата човечките лица,.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Неверувањето го лишува постоењето на човекот, му ја одзема вечноста што го чека...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Пеел со склопени очи и поднаведнат како во зазор што им го одзема времето на богатите, на умните и на покорисните од песнопојците зашто можеле да разговараат за свои работи, за политиката на европските земји кон Турција, за ловот и за коњите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Животот крај реката беше извесна утеха за изгубеното езеро, но селидбите секогаш беа неизвесни и проклети, нешто одземаа, друго донесуваа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Повеќе